КАМАЗ „Тајфун-ВДВ“.
В. Карпенко/bastion-opk.ruОва возило на „крилатата пешадија“ беше јавно презентирано на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2017“ во август, но тогаш не беа соопштени неговите технички карактеристики. Сега на ТВ-каналот „Ѕвезда“ ги обелодени докторот на воени науки Сергеј Суворов.
Официјалниот назив на возилото е „Тајфун“ К4386. Конструкторите мораа да се откажат од шасијата за да ја намалат масата. Место неа, возилото ќе има самоносечка каросерија, што му овозможува да носи повеќе товар и да има надвор од кабината автоматски топ калибар 30 мм.
Блиндираната каросерија има три врати, може да прими 8 луѓе заедно со екипажот и поседува балистичка заштита од петта класа според руските државни стандарди. „Тајфун-ВДВ“ може да издржи експлозија на 6 килограми тринитротолуол под тркало и 4 на килограми под каросеријата. Сите седишта ги штитат војниците од повреди, а меѓу нив е овозможено прицврстување на личното оружје.
Ова оклопно возило надвор од кабината има борбен модул БМ-30-Д на далечинско управување со автоматски топ 2А42 калибар 30 милиметри, и прицврстен до него митралез ПКТМ калибар 7,62 милиметри. Шаржерот за топ содржи 300 проектили и исто така е изолиран од кабината со војниците, а шаржерот за митралезот содржи 1200 куршуми. Благодарение на комбинираниот нишан со телевизиски и термовизиски канали „Тајфун-ВДВ“ може и ноќе да извршува борбени задачи.
Возилото има мотор „Камаз“ со 350 коњски сили. Благодарение на него „Тајфун“ може да развие на пат брзина од 100 км на час кога е максимално оптоварен (13,5 тона), да совладува угорнини од 30 степени и да форсира река длабока 1,9 метри. Со еден резервоар може да помине 1200 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче