Американски експерт ја вбројува Русија во земјите со најсилна војска до 2030 година

Комсомольская правда/Global Look Press
До 2030 година Индија, Франција, Русија, САД и Кина ќе бидат земјите со најмоќните копнени воени сили на светот, се наведува во статијата на порталот „Национален Интерес“.

Според мислењето на авторот на текстот, воениот аналитичар Роберт Фарли, руската војска по распадот на СССР помина низ тежок период, „губејќи поголем дел од ресурсите, политичкото влијание и  бројноста“. Меѓутоа, благодарение на финансирањето руската војска повторно зајакна, а тоа особено се однесува на нејзините елитни единици. Па сепак, овој стручњак смета дека руските Вооружени сили во иднина ќе наидат на низа проблеми, меѓу кои Фарли ги наведува отежнатиот пристап до технологиите и недостиг на луѓе.

Според мислењето на експертот, Индија заостанува зад конкуренцијата според квалитетот на опремата, но тој проблем го решава набавувајќи оружје од Русија, Европа, Израел и САД. Кинеската војска, од друга страна, смета тој, нема доволно искуство во реални борби и ѝ недостига финансирање. Меѓутоа, пишува стручњакот, Пекинг има на располагање „речиси неограничен број на луѓе“, а исто така контролира и „значително повеќе ресурси од која било друга војска на светот“.

Според мислењето на Фарли, Франција е единствената земја во Европа која ќе ја задржи моќната војска. Стручњакот објаснува дека француската војска има на располагање „одлично оружје, вклучително и тенкови и артилерија“.

Американската војска, тврди Роберт Фарли, за 12 години и понатаму ќе биде светскиот „златен стандард“. Како што пишува стручњакот, од завршувањето на Студената војна Американците стекнаа значително искуство во борбените операции, на пример, во Ирак и Авганистан. Освен тоа, САД ја имаат најголемата флота беспилотни летала, што им овозможува да вршат прецизни воздушни напади.

Прочитајте повеќе: Русите знаат како војниците да станат „невидливи“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња