Русите знаат како војниците да станат „невидливи“

Sputnik
Во опремата на руските војници се наоѓа маскирна униформа која овозможува војникот да остане скриен во инфрацрвениот спектар, изјави главниот конструктор на Централниот научноистражувачки институт за прецизна механика Олег Фаустов.

„Тоа веќе постои, во моментов и кај нас, и во странство, влегоа во широка употреба соодветните материјали кои се нарекуваат материјали со инфрацрвена реемисија. Се работи за различен интензитет на рефлексија на светлосните бранови со одредена должина од различни елементи или дамки на маскирната униформа“, изјави конструкторот. 

Благодарение на тоа, како што изјави Фаустов, човечката силуета гледана со уреди за ноќно набљудување како да се разбива на делови и станува помалку забележлива.

Испораките на сериски произведената опрема на „војникот на иднината“ од втората генерација Ратник“ почнаа минатата година. Во комплетот се наоѓа современо стрелечко вооружување, комплети за ефикасна заштита, средства за извидување и врска, вкупно околу десет различни системи. Наменет е за дејство во различни климатски услови и во сите периоди на денот.

Во овој момент се развива борбена опрема од трета генерација „Ратник-3“. Во нејзиниот состав ќе се најде шлем со интегриран систем за управување, борбен егзоскелет, противмински обувки и други елементи.

Прочитајте повеќе: Командантот на Копнената војска: Руската борбена опрема „Ратник“ ги надминува странските пандани

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња