Западни медиуми: Рускиот Ту-160 е „најстрашниот кошмар на НАТО“

Сергеј Кривчиков/Transport Photo Images
Со одлуката за модернизација на бомбардерот Ту-160М2 Русија избра разумен и достапен пат за развој на стратешката авијација, пишува „Национален Интерес“ во статијата под наслов „Еве зошто новиот руски Ту-160М2 може да стане најстрашниот кошмар на НАТО“.

Како што истакнува авторот на статијата, експертот Дејв Маџумдар, новиот авион ќе има усовршени мотори така што без дополнување на горивото ќе може да прелета 1000 километри. Потсетуваме дека за тоа зборуваше заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

Покрај тоа, руското министерство за одбрана соопшти дека целосно ќе ја обнови авиониката на бомбардерот Ту-160М2, така што се очекува овие авиони да бидат вооружени со нови ракети со голем дострел, пренесува РИА „Новости“.

Авторот на статијата пишува дека руските авиони, за разлика од американските бомбардери Б-2 „Спирит“ или Б-21 „Рејдер“, се наменети за уништување со ракети со голем дострел на цели во рамките на воздушниот простор добро покриен со средства за ПВО. Поради тоа, продолжува тој, Ту-160М2 ќе добие крстосувачки ракети од нова генерација.

Експертот е уверен дека обновата на авионите Ту-160М2  е поекономична и остварлива програма од изградбата на надзвучни бомбардери. „Русија на крај сепак ќе го направи и стратешкиот бомбардер ПАК ДА, но во среднорочна перспектива може да биде сосем доволен и Ту-160М2“, заклучува Маџумдар.

Во јануари претседателот на РФ Владимир Путин ја посети казањската фабрика за авиони „Горбунов“ каде му беше демонстриран лет на новиот надзвучен стратешки ракетоносец Ту-160 „Петар Дејнекин“ во рамките на програмата за тестирање на летањето.

Треба да се истакне дека модернизираниот Ту-160М2 ќе добие систем за противракетна одбрана, кој ќе може да го заштити авионот од сите видови ракети. Принципиелно новиот систем за заштита ќе ги открива целите на растојание од неколку стотици километри. Кога радарите на „Белиот лебед“ ќе детектираат лансирање на ракета, околу авионот се создава цел рој виртуелни цели, така што системите за наведување кои ги поседуваат непријателските ракети нема да можат да ги разликуваат лажните цели од вистинските.

Во авионот е вграден и нов систем за сателитска навигација, а благодарение на новиот мотор НК-32-02 бомбардерот ќе може да развие брзина од над 2 маха и со самото тоа ќе биде недофатлив за непријателската противвоздушна одбрана. Новиот мотор му овозможува на бомбардерот Ту-160М2 да се крене на висина од 18 километри. Авионот може да биде вооружен со различни крстосувачки ракети од типот на Х-55, Х-55СМ, Х-101, Х-102 и нуклеарните ракети со мал дострел Х-15.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во неодамнешното излагање во Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент) соопшти дека сериското производство на модернизираниот стратешки бомбардер Ту-160М2 е планирано по 2021 година.

Погледнете го видеото: Путин воодушевен од првиот лет на бомбардерот Ту-160М „Петар Дејнекин”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња