„Никој нема такво оружје“: Обелоденети податоците за руското торпедо-убиец на носачи на авиони

Торпедо „Шквал“

Торпедо „Шквал“

Анатолиј Соколов/Оружие России
Руското торпедо 65-76А „Кит“ калибар 655 мм е најмоќното на светот, рекоа претставници на производителот на оружјето во концернот „Гидроприбор“.

„Никој нема такво оружје. Едно торпедо може да потопи носач на авиони“, ги наведува ТВ-каналот „Ѕвезда“ зборовите на Глеб Тихонов, началникот на Одделението за перспективно планирање на наведениот концерн, пренесува порталот rg.ru.

Борбениот дел на торпедото е тежок 557 килограми. Колку за споредба, стандардното торпедо калибар 533 мм може да има полнење тешко најмногу 300 килограма. „Кит“ може да носи и термонуклеарна боева глава. Ова торпедо е познато по борбената моќ, но и максималната брзина од 70 јазли, што значи дека не може да му побегне ниеден брод на светот. Брзината на торпедото е 35 јазли (што исто така не е малку, односно тоа е побрзо од кој било крстосувач или носач на авиони) и со таа брзина дострелот на торпедото е 100 километри, што значи дека подморницата која го лансира торпедото не мора да им се приближи на непријателските бродови и да ризикува да биде откриена. И најпосле, „Кит“ може да се лансира од длабочина од 480 метри.

Кога Западот дозна дека го Русија поседува ова оружје, воената морнарица на САД го промени редоследот на бродовите кои ги следат носачите на авиони. Сега зад носачот на авиони следува торпедниот разурнувач, затоа што во случај на напад тој треба да го прими ударот, бидејќи „Кит“ се наведува според трагата во водата која останува зад бродовите.

Торпедото е долго повеќе од 11 метри и тежи 4,5 тони. Го придвижува турбомлазен мотор.

Прочитајте повеќе за „Шквал“: Најбрзото торпедо на светот станува уште побрзо

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња