Рускиот борбен ласер „Пересвет“ супериорен во однос на американските пандани

YouTube
Заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов оцени дека рускиот ласерски борбен систем „Пересвет“ во споредба со американското ласерско оружје има значајна предност.

Како што истакна тој, и покрај фактот дека американските инженери создадоа примероци на ласерско оружје кое може да уништува леснооклопна техника и жива сила, слободно може да се каже дека разработките на руските научници предничат.

„И во Америка се работи на ова оружје и постојат експериментални примероци со кои може да се уништува леснооклопна техника и да се нанесува штета на жива сила. Во таа насока сите одат“, рече Борисов.

Како што нагласи тој, руските научници ги надминале колегите од САД.

Тој исто така истакна дека притоа вработените во руските нуклеарни центри на одреден начин биле во нерамноправна положба.

Треба да се истакне дека американската компанија Raytheon есента прикажа дејство на мобилен ласерски систем HELWS-MRZR. На тестирањето забележано со видеокамера уредот емитува ласерски сноп насочен кон квадрокоптер кој лебди во воздухот на висина од околу два метра и потоа паѓа. Американскиот ласер беше поставен на воено баги.

Според зборовите на воениот експерт Виктор Мураховски, борбениот ласерски систем „Пересвет“ извршува задачи од противвоздушна и противракетна одбрана. Како што истакнува тој, примената на ласерски зрак е далеку поекономична од примената на класичните противракети, а прецизноста на погодување на целта е далеку поголема. Тој наведува уште и дека за генерирање на ласерски зрак се користат компактни нуклеарни агрегати.

Погледнете: ТВ-каналот RT ги покажа сите можности на најновото руско оружје

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња