„Многу држави создаваат перспективно оружје кое работи на нови физички принципи. Русија не само што разработува такво оружје, туку има и готови производи“, рече претседателот Путин. Домашното ласерско оружје „не е само теорија или проект“. Тоа се готови системи со кои е вооружена руската армија.
Владимир Путин не зборуваше за детали, но нагласи дека тоа оружје ѝ дава на Русија поголеми можности на планот на безбедноста. Во текот на неговиот настап е емитувана снимка од работата на еден таков борбен ласерски систем.
Путин им понуди на сите кои се интересираат за воената техника да предложат име за новото оружје.