Русија развива ракетно и ласерско оружје против американските сателити, вели командантот на Стратегиската команда на вооружените сили на САД генерал Џон Хајтен.
Според него САД треба да го одвраќаат такво неподобно однесување во вселената и да ги ограничат можните конфликти. Отсега американските сателити на орбитата се под закана и Вашингтон треба да преземе соодветни мерки за заштита на своите интереси.
„Ние треба да се плашиме од лошото однесување во вселената и да избегнуваме конфликти - додаде тој. - Особено против противници како Кина и Русија, кои градат оружје во ниската орбитата за да ги распоредат од земјата до овие области во вселената“.
Но, какви имено, генералот не прецизира. Под команда на Хајтен се наоѓаат стратешките нуклеарни сили на САД со составите за противракетна одбрана. Општо земено, вкупно околу 184.000 војници од армијата на САД.
Главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски е на мислење дека воениот експерт ги заплашува американските даночни обврзници со нова руска закана, за да се доделат уште средства за некои воени проекти.
„Навистина, уште во средината на седумдесеттите години од минатиот век во Советскиот Сојуз се развивало ласерско оружје. На пример врз основа на авионот Ил-76 се создава А-60 - експериментална летачки лабораторија со мегаватен ласер“, вели експертот.
Но, програмата излезе залудна и во средината на деведесеттите години од минатиот век раководството на Министерството за одбрана ја затвори. Во средината на минатата деценија проектот повторно беше обновен, но никој не е запознаен со резултатите - развојот е со ознака „топ сикрет“.
„Во моментов проектите со ласерско оружје се наоѓаат на ниво на научна фантастика - во Русија, како и во САД, не постои „гориво“ што може постојано да напојува такви системи како на земјата, така и во вселената“, забележува воениот аналитичар на весникот Известија Дмитриј Сафонов.
Но, деновиве ракетните комплекси, како во Русија, така и во САД, можат да уништуваат цели на орбитата.
Воениот експерт на ТАСС Виктор Литовкин за „Руска реч на македонски“ вели дека комплексниот систем за ПРО околу Москва е способен да уништува објекти во блискиот космос и е еден од најпознатите тајни руски програми.
На крајот на 2015 година до тестовите на новата противоракета доби пристап само снимателската екипа на владиниот телевизиски канал „Ѕвезда“, кој е во директна соработка со Министерството за одбрана на РФ.
„По потреба руските и американските конструктори можат да ги „пуштат“ сегашните и перспективните противракетни комплекси, така што тие да можат да уништуваат објекти во најблискиот космос. На пример концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ планира во 2018 година да го претстави на светот својот најнов ПВО систем С-500, која е способен да уништува објекти на непријателот на слични височини“, додава Литовкин.
Воените аналитичари сметаат дека изјавата на американскиот генерал може да е обид да се започне милитаризација на вселената.
„Уште во 1967 година Москва го потпиша и го ратификуваше договорот за демилитаризација на вселената. Вашингтон, пак, не го направил тоа“, нагласува воениот аналитичар на Известија.
Според експертите договорот им забранува на земјите да имаат во вселената нуклеарно или какво и да било друго оружје за масовно уништување. Но, дозволува поставување на обични системи за вооружување.
Но, ниту една земја која учествуваше во подготвувањето на договорот од 1967 година, независно од тоа дали го ратификувала или не, нема поставено вакви комплекси во орбитата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче