ABR Ласери
Краснаја звездаРусија работи на авион вооружен со ласерски топ од новата генерација, соопшти за агенцијата ТАСС извор од военоиндустрискиот сектор.
„Станува збор за нова генерација ласерски топ на воздушно базирање“, вели соговорникот за агенцијата.
Станува збор за авион познат под индексот А-60. Претходно медиумите соопштија проектот да се реализира во рамките на експерименталнош-конструкторските работи „Сокол-Ешалон“.
Уште во советско време конструкторите се обидуваа да направат летачки ласер.
Работата на ласерскиот систем кој се монтира на авионите започна во научно-производствената корпорација „Алмаз“ во јуни 1965 година.
„Алмаз“ работеше на овој проект заедно со авијатичкиот научно-технички комплекс „Г.М. Бериев“ во градот Таганрог (1.130 километри јужно од Москва).
Овие два научни центри го направија советскиот авијатички ласерски систем А-60 врз база на авионот Ил-76. Летечкиот ласерски комплекс е тестиран на еден аеродром во близина на Москва во 1983 година. А-60 на 27 април 1984 година успешно погоди воздушна цел која под дејство на ласерски зрак се здоби со очекуваните оштетувања.
Експертите велат дека не е коректно на ласерскиот систем да му се припишува „задачата за пресретнување боеви глави на балистички ракети“. Тоа „никој никогаш не го поставил како цел за авионските ласерски системи“, вели Константин Макиенко, заменик-директор на Центарот за анализа на стратегии и технологии.
Стручњаците ја истакнуваат можноста за нанесување термички оштетувања на целни објекти, но посебно го издвојуваат потенцијалот на ласерот кога станува збор за попречување на оптичко-електронски средства за набљудување, односно перископи, далномери и други уреди со кое е опремено современото вооружување. Благодарени на ваквите уреди повеќекратно се зголемува дејството на ласерскиот зрак. Кога станува збор за уништување на оптиката ласерот може да има стотици и илјадници пати поголем дострел одошто во случај на нанесување термички оштетувања, истакнуваат стручњаците на корпорацијата „Алмаз“.
Ласерското оружје е привлечно пред сè поради можноста за неочекуван и практично моментален (со брзина на светот) напад врз непријателот, поради релативно евтиниот „оган“ со видока прецизност, како и поради тоа што во мирни услови не мора да се прават резерви на „муниција“. Со монтирањето на системот на авионите се обезбедува пред сè негово користење во сите временски услови (и кога е облачно), а исто така и висока мобилност и маневарски можности.
Поради распадот на СССР во деведесеттите години од минатиот век и поради кризата која следуваше потоа овој проект беше запрен. Обновен е дури по 2000 година.
Во август 2009 година извршен е експеримент на насочување на ласерскиот зрак од авион А-60 на космички апарат кој се движел на височина од 1.500 километри. Во текот на летото откриени се и следени неколку десетина космички апарати. Кон крајот на 2012 година, според податоците на весникот Известија, Министерството за одбрана на Русија побара да се обнови работата на создавање борбени ласери кои можат да онеспособуваат авиони, сателити и балистички ракети.
САД тестираа моќен хемиски ласер во рамките на проектот ABL чија цел беше создавање систем за противракетна одбрана. Од крајот на седумдесеттите години од минатиот век со ова се занимаваа компаниите Boeing, Northrop Grumman и Lockheed Martin, а во 1985 година е извршено копнено тестирање во кое ласерот загреа и крена во воздух стационарен резервоар за гориво на оддалеченост од еден километар.
Овој систем беше монтиран на специјално модифицираниот транспортен авион Boeing 747-400F. ABL имаше инфрацрвени сензори за откривање цели, три ласери и систем леќи за фокусирање на зракот. Тестирања се вршени практично секоја година, но не е постигната бараната ефикасност на новото оружје, така што проектот беше затворен во 2012 година.
„Рускиот авијатички ласерски систем максимално ќе ја искористи можноста на ласерското оружје во интерес на решавање на важните задачи на воздушно-космичката одбрана на Русија. Постојат уверувања дека создавањето на овој иновациски систем на научно-производствената корпорација Алмаз и здружувањето на бизнисмените ќе ја зачуваат водечката позиција во изработката на ласерските системи“, сметаат руските стручњаци.
Текстот на руски можете да го прочитате овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче