Извор: НПО Астрофизика
Ова беше вредна есенска сезона во светот на ласерското војување.
Во септември, Боинг го претстави својот камионски 10-киловатен високоенергетски ласерски мобилен демонстратор (High Energy Laser Mobile Demonstrator) способен за уништување дронови, па дури и ракети.
Во ноември, командантот на Петтата флота на Морнарицата на САД, вицеадмиралот Џон Милер, го потврди приемот на првиот борбен ласер и неговото инсталирање на амфибискиот јуришен брод УСС Понс.
И Кина објави развој на ласер кој може да соборува мали воздушни цели. И од она малку што се открива во јавноста, ни Русија не ја ставила во мирување својата програма за развој на ласер.
Во моменталната етапа на развој, ракетната технологија сè уште е далеку посупериорна во однос на постојните капацитети на ласерското оружје. Но обидите за употреба на ласерска моќ исто така чинат колку едно лансирање на ракета.
Целата ракетна технологија е скапа, но кога се користи на далечно растојание бара дополнителни навигациски системи, голем товар со гориво и други ставки кои ја зголемуваат цената на еден ракетен напад. Атрактивноста на ласерите останува во нивната едноставна моќ да влијаат на односот: испукувањето на еден ласер чини колку и производството на струја што тој ја консумира.
Ова исто така беше водечкиот принцип кога Советскиот Сојуз ја стави во употреба својата ласерска програма во 1960-те во тајниот научно-истражувачки и производствен центар „Астрофизика“. За раководител во 1978 година беше назначен талентираниот физичар Николај Устинов, син на моќниот министер за одбрана на СССР Дмитриј Устинов.
„Стилет“
Извор: НПО Астрофизика
Но технологијата во тоа време не овозможи конструирање мобилни ласери доволно моќни да уништат една цел. Така истражувачите се фокусираа на „заслепување“ на тенк, самооден топ или нисколетечки хеликоптер со фотосензори за нишанење во неговите оптички системи за набљудување. Штом тие станат неутрализирани, возилото или леталото станува лесен плен.
Системите со ласерско наведување сега се развиени во антиракетни ласерски системи. СЛК 1К11 „Стилет“ (мак. бодеж) користи радар за откривање некоја цел, ја сондира со ласер за да открие некаков одблесок од леќи и го погодува местото со моќен ласерски импулс.
Системот беше опремен со мобилен генератор и инсталиран на шасијата на положувач на мини. „Стилет“ беше испорачан на Црвената Армија во овој вид во 1982 година но сè уште беше класифициран како експериментален. Иако само два примероци беа произведени, официјално сè уште е во служба на руската армија.
„Сангвин“’
Извор: НПО Астрофизика
Една година откако „Стилет“ стана соодветен за служба, Астрофизика почна со работата на понапреден уред кој првобитно беше наменет за противвоздушна одбрана, а тоа е ласерскиот еквивалент на самоодниот противавионски систем „Шилка“.
За разлика од„Стилет“, „Сангвин“ беше модерна варијанта која избегнуваше кабести огледала и можеше да стрела вертикално. Ласерски топ монтиран на „Шилка“ платформа можеше да онеспособи оптички систем на хеликоптер на растојание од 10 километри и целосно да го онеспособи на 8 километри.
Извор: НПО Астрофизика
Бидејќи беспилотните летала, или дроновите, сè уште не постоеја, тогаш беше развиен системот „Аквилон“ врз база на „Сангвин“ за морнарицата, со задача да ги неутрализира електро-оптичките системи користени од единици на крајбрежната стража.
„Сжатие“
Но врвот на ласерското истражување на советските физичари беше проектот 1K17 „Сжатие“ (мак. компресија) којшто стапи во употреба во 1992 година. Сличен на системите за плотунско стрелање на ракети „Буратино“ и тешките огнофрлачи, 12 цевки на „Сжатие“ немаа ракети, туку повеќелиниски ласери. Секој имаше свој дијапазон на фреквенција и внатрешен систем за наведување кои беа отпорни на непријателските системи за филтрирање.
Оружјето се состоеше од полупроводников ласер со флуоросцентни активни светла слични на оние на американскиот систем за деминирање на далечина ZEUS. Поради својот моќен генератор и централата, „Сжатие“ беше монтиран на шасијата на тешкиот самооден топ Mста-С. Системот сè уште е класифициран и нема достапни податоци за карактеристиките како на пример домет, брзина на стрелба или бројот на истовремено ангажирани цели.
За неговиот домет може да се претпостави дека не е помал од оној на „Санвин“, така што се смета дека е двојно поголем од ефективниот домет на еден модерен тенк. Сепак, колку и да звучи импресивно на хартија, ова мора да ја претставува главната маана на ласерот: потребата од чиста линија на видик со цел да се погоди целта.
За стрелба одблизу во услови на борба исто така пречат релјефот на теренот кој ги прави ваквите системи во голема мера непрактични.
Но, како што покажуваат американските и кинеските активности, употребата на ласери против наведувани ракети, хеликоптери и дронови (за што употребата на конвенционални ракети е претерано скапо) е силен поттик за понатамошен развој.
„Даљ“
Извор: НПО Астрофизика
Колапсот на Советскиот Сојуз го закочи развојот на науката и технологијата во Русија за неколку години. Многу примероци завршија како експонати, вклучувајќи и единици изградени од „Астрофизика“ и сè уште неочекувано се појавуваат примери. Додека првиот изграден „Стилет“ веројатно беше во употреба некое време, вториот без ласерски нишан беше пронајден од ентузијасти во една фабрика во украинскиот град Харков во 2010 година.
Судбината на „Сангвин“ и „Аквилон“ не е позната, но најмалку еден систем „Компресија„ успеа да биде достапен на јавноста со тоа што е изложен во музеј во Ивановское близу Москва.
Сепак, еден изум на „Астрофизика“ успеа во целост да стане дел од воената служба. КДХР-1Х „Даљ“ (мак. далечина) системот за хемиско откривање и набљудување користи ласер за лоцирање извори на контаминација, скенирајќи 70 км2 за 60 секунди.
Откако ќе детектира отровен облак, „Даљ“ ги пресметува неговите координати и линеарните димензии. Времето на автоматска работа на системот без дополнување со гориво е 130 часа, и три часа по 500 км возење. Првпат беше воведен во 1988 година, „Даљ“ останува во служба на руската армија како уникатно парче опрема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче