Овој вид вооружување во својата основа ги користи принципите на зрачењето електромагнетна енергија од оптички дијапазон.
Без оглед на тоа што ласерите во секојдневниот живот, вклучително и во армиската средина, се користи одамна, создавањето на поефикасни воени системи врз основа на овој вид вооружување научниците пристапија дури сега. Првите примероци на ласерско оружје кои се појавија во шеесеттите години од минатиот век, поради големата потрошувачка на енергија не можеа да уништат две цели во краток временски период.
Оваа година Американците веќе тестираа ласерски топ на морска платформа. Русија исто така врши разработка на ласерско оружје и, според претставници од воениот ресор, не заостанува во овој процес зад САД. Од отворените извори е познато дека се обновува тестирањето на авијатичкиот комплекс А-60 со нов ласерски топ, кој може да уништува и воздушни и космички цели.
Главниот уништувачки фактор на овој вид оружје е супермоќното електромагнетно зрачење со микробранов дијапазон од 3 до 30 ХХц. Овој вид оружје е најефикасно против електрониката на противникот која ја има во изобилство во објектите за државно и воено управување, а исто така и во најновите системи на различен вид вооружување.
Ова лето стана познато дека во Русија е разработен нов вид оружје, кое може да ги онеспособува непријателските авиони, беспилотните летала и високопрецизното управувачко оружје од типот на крилати ракети. Новата разработка доби назив микробранова пушка, со оглед на тоа што работи врз принципот на зрачење на микробранови. Апаратот може да работи на оддалеченост од над 10 километри.
Основа на овој вид оружје кое е директен наследник на бактериолошкото, се технологиите што влегуваат во сферата на методите на управување со процесите на наследност и промена на организмите. Генетскиот инженеринг овозможува насочено создавање на споеви на гени непознати за природата, кои се способни не само благопријатно да дејствуваат на живите организми, туку и да ги уништуваат. Главна опасност претставуваат обидите за создавање „паметно оружје“, кој влијае и уништува објекти со однапред зададен генетски код.
Според тврдењето на руските научници, во моментов веќе има создадено значително количество гени-агресори, кои во основа претставуваат смртоносно оружје. На пример, гените ВАХ и BCL-2 можат да предизвикаат апоптоза – програмирана смрт на клетките. Имајќи предвид дека разработката на биолошкото оружје е забранета со меѓународни конвенции, Русија не врши разработка на генетско оружје.
Со користење на концентриран бран на наполнети или неутрални честици, кои поседуваат висока енергија (електрони, неутрони, неутрални атоми на водород), оружјето со снопови врз објектот врши или силно топлинско зрачење, или шок или рендгенско зрачење, кое доведува до изумирање или уривање.
Основните плусови на ова оружје се тајноста и моменталното дејствие врз противникот. Основен проблем на неговата ефикасна примена е загубата на енергија на растојание поради интеракцијата со честиците од атмосферските гасови. Во СССР со разработка на оружје со снопови активно се занимаваа научните институти, но до појава на вистински воени примероци не дојде.
Дејствувањето на овој вид оружје претпоставува напад врз објект со помош на природни процеси кои се предизвикани на вештачки начин: молњи, земјотреси, цунами итн. Без оглед на тоа што постојат податоци за различни експерименти и опити за примена, на пример во Виетнам, на ова оружје, спроведени од страна на САД, поголемиот дел специјалисти се сомневаат во постоењето можност за предизвикување земјотреси и цунами во определен регион на Земјата.
Олег Калугин, генерал-мајор на КГБ, воен дезертер, во 1993 година велеше дека во СССР активно биле правени разработки на геофизичко оружје и негово можно користење, споменувајќи го комплексот Сура, кој навистина постои во Русија на 170 километри од Нижни Новгород. Комплексот зафаќа територија од околу 10 хектари и е составен од долги низи дваесетметарски антени. Во центарот на Сура се наоѓа огромен генератор, наменет за изучување на акустичките процеси во атмосферата на планетава. Сепак, не се знае дали Сура предизвикува некакви стихијни катастрофи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче