Јуриј Постников, кој го осмисли теренското возило „Партизан Уан“ (Partisan One) за кое дава гаранција од сто години, неодамна претстави верзија наменета за истражувања на Марс. Необичниот автомобил на овој конструктор, сега преработен за користење во претседателската автомобилска колона, доби оклоп и динамика на спортски автомобил.
Новото теренско возило е наречено Partisan Kremlin (Партизан Кремљ). За разлика од стандардната верзија, ќе има поголем број на тркала, ќе биде блиндиран, ќе има штитник во форма на латинично V, со што се обезбедува заштита од експлозија на мина, а нема да изостане ни воздушната суспензија.
Автомобилот има четири електромотори, на секое тркало по еден. Ги напојува блок акумулатори кои се полнат со помош на турбогенератор. Динамичките карактеристики на теренецот Partisan Kremlin производителот не ги наведува, но најавува динамика на спортски автомобил, дури и во блиндираното издание, според највисоки стандарди.