„Лимузината за Путин”: Првата снимка од тестирањето на рускиот автомобил од висока класа „Кортеж”

Скриншот

Скриншот

Автомобилот е тестиран на полигонот на Институтот НАМИ. Целосно е покриен со маскирна покривка, но сепак може да се стекне претстава за силуетата и пропорциите на каросеријата.

Видеото се појави на каналот на весникот „Авторевју“. Експертите сметаат дека на видео-снимката е прикажана полесната верзија на седанот, која е за еден метар пократка од „претседателската“ лимузина и не е блиндирана. Инаку, за руските државници е предвидена само блиндирана варијанта со погон на сите четири тркала, мотор V12 и 800 КС, пишува порталот speedme.ru.

Првата јавна презентација на седанот за руските државници ќе биде одржана 2018 година при стапувањето на должност на претседателот на Русија. На почеток ќе се произведуваат 300 вакви автомобили годишно, а во наредните пет години Министерството за индустрија и трговија на РФ планира да достигне годишно ниво од 5000 возила.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња