Руски инженер направи теренско возило со гаранција од 100 години

Partisan Motors
Германската компанија Partisan претстави мошне необично теренско возило под називот One, на чиј проект работи германскиот инженер со руско потекло Јуриј Постников. „Партизан Уан“ (Partisan One), кој е наменет за воена експлоатација, е направен како крајно едноставно транспортно средство за „најлошите патишта на светот”.

Конструкцијата на теренецот „Партизан Уан“ е току едноставна колку што е воопшто можно: тој е склопен врз пространа рамка од челик со висока издржливост со можност за брзо поставување на оклопни плочи. Постои и можност да се нарача возилото со долниот дел на шасијата во форма на латинската буква V, која ја расипува енергијата од експлозија на граната или мина.

„Партизан Уан“ нема всушност никаков дизајн. Со оглед дека нема ниедна заоблена линија, овој теренец во вистинската смисла на зборот изгледа како кутија на тркала. А тоа е така со намера: најголемата предност на едноставната конструкција на „Партизан Уан“ е во тоа што може многу брзо да се склопи, а каросеријата овозможува ефикасно и со минимален број на измени да се направат различни конфигурации: возило со три врати, со пет врати, пикап возило, продолжен верзија, па дури и модификации со 6 и 8 тркала.

Можат да се нарачаат не само различни типови каросерија, туку и различни мотори, пренесува порталот „Автовести“.

Се наведува дека првите возила веројатно ќе имаат турбо дизел мотор на „Фиат“ од 2800 кубици со 150 коњски сили, но е предвидена и можност за хибридна варијанта со дополнителен електромотор. Меѓутоа, генерално, прашањето за избор на мотор останува отворено: се наведува дека просторот под хаубата е подложен на адаптација и дури може да се менува и распоредот на деловите: моторот може да се постави како по должина, така и попречно.

Возилото засега не е влезено во сериско производство, но производителот дава импресивна гаранција: се наведува дека „Партизан Уан“ може да служи во војската повеќе од 50 години без замена, а вкупната гаранција што ја дава производителот е 100 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња