Дали некогаш сте сонувале да се возите во Путиновиот автомобил? Па, од 2019 година ќе имате можност... но, веројатно, само ако сте шеик.
Автомобилот кој наскоро ќе биде официјалното возило на рускиот претседател, под популарниот назив „Кортеж”, е камуфлажен седан заснован на моделите Мерцедес-Бенц S класа и BMW серија 7 со мотори V12. Оваа година се очекува новиот модел да замени 11 автомобили Мерцедес-Бенц S600 „Пулман“ кои во моментов ги користи рускиот претседател.
Според рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, кога автомобилот наредната година ќе излезе на меѓународниот пазар, ќе наиде на силна конкуренција од „Ролс-Ројс“ и „Бентли“.
„Југоисточна Азија и Средниот Исток, пред сѐ Обединетите Арапски Емирати, а особено Кина, се избрани за целни странски пазари“, соопшти руската компанија Sollers, која ќе се занимава со дистрибуцијата. Автомобилите ќе бидат на продажба во 2019 година, затоа почнете да штедите на време!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче