Раководството на Partisan му препорача на Илон Маск да не брза со испраќање на својот спортски електромобил Tesla на Црвената планета.
Специјалната верзија на теренското возило на германската компанија за лет на Марс Partisan One Mars Edition е опремена, како што се наведува, со четири електромотори и шасија од карбон.
Планирано е да се достави робусниот теренец во вселената расклопен, затоа што модуларната конструкција може брзо да се склопи и потоа непречено да се користи како превозно средство во истражувањето и освојувањето на Марс.
Во компанијата се убедени дека населувањето на нови планети нема да биде изводливо без специјални превозни средства. Конструкторите на овој автомобил притоа се надеваат дека нивниот производ во иднина ќе се најде на рамниште со советскиот луноход.