Кога ќе полетаме на Марс? Русија се подготвува за експедиција на црвената планета

Извор: ESA/ Press Photo

Извор: ESA/ Press Photo

Одлуката за спроведување на едногодишна експедиција на МКС е уште еден чекор напред во програмата за подготовка на пилотирани летови кон други тела од Сончевиот систем. Рускиот космонаут Михаил Корниенко и американскиот астронаут Скот Кели ќе заминат на експедиција на вселенската станица во пролетта 2015 г. и ќе се вратат на Земјата напролет во 2006. Тие ќе почнат да тренираат на почетокот на 2013 година.

Основна цел на експедицијата на бродот на орбиталната лабораторија е истражување на реакцијата на човечкото тело на суровите услови во вселената и неговата способност да се адаптира на нив. Податоците од 12-месечниот престој на екипажот на станицата ќе помогнат да се добие тековна оцена за работоспособноста на членовите на екипажот и на нивната здравствената состојба, можност со висока точност да се определат и да се потврдат мерките за контрамерки со цел намалување на ризиците поврзани со идните истражувачки планови за мисии во областа на месечевите орбити, астероиди и, на крајот, на Марс. 

„Изборот на кандидати за мисијата која ќе трае една година беше тешка задача, зашто за неа веднаш се најдоа неколку космонаути што одговараат“, коментира шефот на Роскосмос Владимир Поповкин. 

„Ние ги избравме најодговорните, најискусните и најисполнетите со желба луѓе, во кои имаме целосна доверба.“ 

За подробностите на летот ни раскажа началникот на Центарот за подготовка на космонаути Сергеј Крикаљов: „Само по себе, едногодишниот лет не е самоцел. Јуриј Романенко леташе 11 месеци, Титов и Манаров работеа на орбитата точно една година, Пољаков леташе 14 месеци. Затоа должината на летот не е новост, а неговата програма во моментов се дефинира. Оваа експедиција е планирана за 2015 година,, затоа има време да се подготви ефективна програма за истражувањето„, подвлекува Крикаљов, кој е рекордер по сумарна должина од неколку летови во вселената. 

Јасно е дека главното при организација на долгорочни пилотирани експедиции во вселената е самиот човек, односно неговите индивидуални можности и скриените резерви за надминување на тешкотиите од долгиот космички лет. Екипажот за време на повеќемесечните патувања можат да бидат соочени со ред фатални опасности. Пред сè, човекот во вселенскиот брод целосно зависи од функционирањето на системот за поддршка на животот во леталото.

Лансирањето на пилотиран вселенски брод кон Марс може да се случи по 2037 година

Според мислењето на специјалистите на рускиот Институт за медицинско-биолошки проблеми, примарна задача при подготовката на меѓупланетарни експедиции е зголемувањето на изолираноста на комплексот на системот за поддршка на животот. Новиот систем сосема се разликува од стариот, инсталиран, да кажеме, на орбиталниот комплекс МКС, кој не користи целосна размена на материите т.е. не е затворена биосфера. За создавање погоден систем, способен да осигури процес на полна регенерација на основните, животонеопходни компоненти, ќе бидат потребни не помалку од 10 години. Главниот проблем на научниците е како да обезбедат непрекинато производство на кислород, вода, храна и исфрлање на отпадните производи.

}

За жал со решавањето на овие прашања не завршуваат проблемите на долгиот престој на човекот во космосот. Огромна опасност за нашиот организам претставуваат условите за микрогравитација, психолошките елементи и уште многу други аспекти, кои влијаат врз животот и работата во космосот. 

Но, престојот на човекот во космосот има смисла само кога постои соодветна техника, која може да го донесе до космичките објекти. Се работи и на тоа. Во јануари 2011 година заменикот на генералниот директор на вселенскиот центар „Хруничев“ Анатолиј Кузин изјави дека во неговото претпријатие е разработен концепт, кој ги унифицира космичките средства за програмите за Месечината и за Марс на базата на семејството на ултратешки ракети-носачи од типот „Ангара“. 

Исто така, предвидено е и создавање слетувачко-полетувачки брод за Марс со екипаж од четири лица, товарен слетувачки брод, способен да носи и до 40 тони товар, излетувачки модул и брод за враќање на Земјата. Лансирањето на бродот кон Марс, според зборовите на Кузин, може да биде остварено во 2037 година.

Според податоците на Виталиј Лопата, за летот кон Марс на вселенскиот брод му е потребен реактор со моќност од околу 24 МW.

Во април 2011 година претседателот на најголемата руска ракето-вселенска корпорација „Енергија“ Виталиј Лопата тврдеше дека вселенскиот транспортно-енергетски модул со нуклеарен реактор и електро-реактивен мотор, таканаречениот „вселенски реморкер“ може да биде создаден до 2018 година со соодветно финансирање од околу 1 милијарда долари. 

Според мислењето на Јуриј Караш, признат експерт во областа на вселената, „само пилотирачка космонаутика, со движење надвор од границите на орбитата на Месечината, во далечниот космос, може да стане двигател за развојот на науката и техниката во Русија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња