Месечината може да биде искористена и како меѓународна вселенска станица. Фото: „Сојуз ТМА-21 Јуриј Гагарин“ - руското космичко летало со екипаж, на кое во 2011 се реализираше летот на МВС. Извор: AFP/East News.
Кон месечината ќе полета сондата „Луна-Глоб-1“. Нејзиното испраќање е планирано за 2015 година од новиот космодром „Восточни“, кој се гради во Амурската област. Овој модул ќе ја истражува површината на Месечината. Во него ќе биде поставена апаратура за пронаоѓање вода, а исто така и манипулатор за истражување на примероци од почвата.
„Роскосмос веќе има определен дека испраќањето на ракетата „Сојуз-2“, која ќе ја достави сондата „Луна-Глоб-1“ во космичкото пространство, ќе биде првата за космодромот Восточни. Тоа ќе биде почеток на освојувањето на Месечината, како што е наведено во Федералната космичка програма“, - изјави првиот човек на Роскосмос Владимир Поповкин.
Одложувања ја загрозуваат не само месечинската мисија, ами и заедничката програма со Европејците „ЕкзоМарс“, зашто дел од опремата за неа ќе се практикуваат на месечинските апарати.
Претходните планови беа прва на месечината да дојде сондата „Луна-Ресурс“. Нејзиното испраќање е планирано за 2013 година. Но, откако ја изгубивме автоматската станица „Фобос-Грунт“, распоредот на руските месечински мисии беше изменет. Како резултат на тоа дел од договорите за оваа програма станаа неактуелни, дел од нив завршија, сепак нови договори подолг период не беа склучувани. Научниците изјавуваат дека овие одложувања ја загрозуваат не само месечинската мисија, ами и заедничката програма со Европејците „ЕкзоМарс“, зашто дел од опремата за неа ќе се практикуваат на месечинските апарати.
Сепак Роскосмос веќе потпиша обновен договор со научно-производственото претпријатие „С.А. Лавочкин“ за производство на месечинската сонда „Луна-Глоб-1“.
„Сега работиме според правилен договор, во соодветство со правилен распоред, согласно кој лансирањето треба да биде извршено во 2015 година. Ќе направиме сè за да се случи тоа“, - изјави Игор Митрофанов, шеф на лабораторијата за космичка гама-спектроскопија при Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките.
Сондата „Луна-Глоб-1“ ќе биде значително поедноставена и олеснета. Наместо 34 килограми научна апаратура, сондата со себе на Месечината ќе однесе 20 килограми. Поточно, нема да постои апаратура за дупчење, но ќе остане приборот, кој ќе ги анализира мострите од почвата, и манипулаторот кој ќе му ги „носи“ тие мостри. На Месечината ќе полета и прибор за проучување на месечинската егзосфера, неутронски детектор за анализа на присуството на водород во потповршинските слоеви, а исто така и сензор за мерење на температурата на површината и прибор за анализа на честиците од прав.
Во 2017 година на површината на Месечината ќе пристигне тешкиот апарат „Луна-Ресурс“, на кој се работи заедно со Индиската космичка агенција. Тој на Месечината ќе го однесе индискиот луноход.
Руските специјалисти веќе ги определија точките на слетување на руската месечинска сонда. Ги има шест: три на северниот пол на Месечината и уште три на јужниот. Според мислењето на научниците токму тука е голема шансата да се најде вода и мраз, што е една од основните задачи на програмата.
Во 2016 година се планира лансирање на орбиталниот модул „Луна-Глоб-2“. Негова задача ќе биде да го проучи просторот околу месечината, а исто така и да се изврши избор за место за слетување на други апарати.
Во 2017 година на површината на Месечината ќе пристигне тешкиот апарат „Луна-Ресурс“, на кој се работи заедно со Индиската космичка агенција. Тој на Месечината ќе го однесе индискиот луноход.
Проектот предвидува анализа на топографијата, хемискиот и минералниот состав на месечинските карпи, анализа на ефектите од заемното дејствување на Месечината со меѓупланетарната средина. Апаратите за дупчење и сеизмометрите што ќе бидат поставени во апаратот ќе им овозможи на научниците да ја проучат внатрешната структура на Месечината, како и нејзиното јадро.
Полетувањето на човекот на Марс е најважна научна перспектива, но е долгорочна. Месечината, пак, е најблиската цел, мошне важна меѓуетапа, што ќе овозможи да се реши марсовската задача.
Според генералниот директор на Централниот научно-истражувачки машински институт, доктор на технички науки Генадиј Рајкунов, освојувањето на месечината ќе го отвори патот кон другите планети, особено кон Марс: „Полетувањето на човекот на Марс е најважна научна перспектива, но е долгорочна. Месечината, пак, е најблиската цел, мошне важна меѓуетапа, што ќе овозможи да се реши марсовската задача. Пред да полета на Марс, човекот треба да научи да живее и да работи во услови на друго небесно тело, друга гравитација и атмосфера. Токму Месечината може да биде тој уникатен систем за обука, од каде ќе појдеме понатаму. Треба да се сфати: тоа повеќе не е она Месечина на која своевремено стапнаа Американците. Отсекогаш се сметаше дека таму нема вода. Се покажа дека има во вид на мраз и, според оценките, има многу. А, ако има мраз, тој може да се разложи на водород и кислород, со што се добива гориво за ракетни мотори. Можете ли да си претставите какво можности се отвораат?“
Месечината може да биде искористена и како меѓународна вселенска станица. Кога на неа ќе се постави научна апаратура, радари, оптички системи може да се започне со истражувања кои се невозможни на Меѓународната вселенска станица. На пример, со телескопите стационирани на Месечината ќе може да се гледа подобро одошто со оние што се наоѓаат на земјата, додава научникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче