Седум оклопни транспортери под називот „Терминатор“ (БМПТ-72) ќе учествуваат првпат во поворката по повод Денот на Победата на 9 мај оваа година, соопштува руската новинска агенција „Интерфакс“.
„Терминатор“ е оклопен транспортер кој служи како поддршка на тенковите во урбани подрачја. Вооружен е со два 30-мм топови, наведувани противтенковски проектили и автоматски пушки. Проектилите на „Терминатор“ можат лесно да уништат непријателски тенк и утврдување на оддалеченост до 5 км. Возилото може да се спротивстави на напади на хеликоптери, а неговата застрашувачка огнена моќ неутрализира жива сила на оддалеченост до 3 км.
„Терминатор“ во 2017 година беше активен во борбите против терористите во Сирија. Минатата година Министерството за одбрана на Русија набави 10 такви возила.