МО на Русија за првпат набави борбено возило „Терминатор”

Владислав Белогруд / ТАСС
Борбеното возило за поддршка на тенкови го произведе Уралското конструкторско биро за транспортна машиноградба.

Министерството за одбрана на Русија и „Уралвагонзавод“ на форумот „Армија-2017“ потпишаа договор за испорака на нов тенк Т-90М и возило за поддршка „Терминатор“, како и договор за генерален ремонт на тенковите Т-72Б, Т-80БВ и Т-90.

Документите ги потпишаа заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов и директоро на УВЗ Александар Потапов, пренесува ТАСС.

„Првпат за копнените сили се набавува борбено возило за поддршка на тенкови што го произведува Уралското конструкторско биро за транспортна машиноградба“, изјави Борисов.

„Руската војска ќе добие нов тип оклопна техника – борбено возило за поддршка на тенкови, како и најновата модификација на тенкот Т-90 наречен Т-90М. Вкупната вредност на склопените договори надминува 24 милијарди рубли“, истакна директорот за време на потпишувањето на договорот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња