Руската војска го добива првиот арктички „Терминатор”

Хеликоптерот Ми-8АМТШ-ВА ќе стане дел од вооружувањето на руските Вооружени сили на 25 ноември.

Првиот хеликоптер Ми-8АМТШ-ВА, прилагоден на условите на Арктикот ќе стане дел од вооружувањето на руската војска на 25 ноември, соопшти извор во руската делегација на меѓународната авио-изложба Dubai Airshow 2015, пишува ТАСС.

Претходно беше објавено дека Улан-Уденската фабрика за производство на авиони и хеликоптери (дел од „Хеликоптери на Русија“) го привршува својот прв летачки прототип на арктичкиот „Терминатор” за Министерството за одбрана. Беше најавено и дека е планирано тестирање за потврда на наведените карактеристики.

За изработката на новата верзија на хеликоптерот Ми-8АМТШ се дозна кон крајот на 2013 година. Како што се наведува, новата модифицирана верзија има, помеѓу другото, поголема сила, а за греење на кабината се користат технологии како во вселенските бродови.

Од Министерството за одбрана изјавија дека на војската ѝ се потребни до 100 хеликоптери Ми-8АМТШ-ВА.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња