Рускиот „Терминатор” тестиран во Сирија

БМПТ „Терминатор“

БМПТ „Терминатор“

Владислав Белогруд/TASS
Руското борбено возило за огнена поддршка на тенковските единици (БМПТ) ги помина испитувањата во борбени услови во Сирија, учествувајќи во борбите против „Исламската држава”, објави РИА „Новости“.

„Постигнати се одредени резултати и за Министерството на одбрана (на РФ) тоа е корисна информација. Меѓу другото, овие испитувања беа основа за склучување договори на форумот „Армија-2017”, изјави главниот конструктор на „Уралското конструкторско биро за транспортна машиноградба” Андреј Терликов.

Се очекува дека во рамките на овој договор тенковите Т-72 и Т-90 да бидат модернизирани до ниво на Т-72Б3 и Т-90М.

Претходно началникот на Главната оклопно-тенковска управа на Министерството за одбрана на Русија Александар Шевченко изјави дека веќе во 2017 година во составот на вооружувањето на руската војска ќе стапи борбеното возило за непосредна огнена поддршка на тенковските единици од типот „Терминатор”, за кое се заинтересирани многу земји, а пред сѐ Израел и Сирија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња