„Терминатор“
Константин Лејфер/TASSЛеталата се произведени во фабриката за авиони во Улан Уде, во целост се тестирани и веќе се ставени во експлоатација, соопштува порталот rg.ru.
Информативната служба прецизира дека овие борбени машини се опремени со современа опрема за пилотирање, навигација и радио-врска.
Поголемата прецизност и безбедност е постигната благодарение на системот за сателитска навигација. Покрај тоа, техниката е прилагодена за користење на очила за ноќно летање, што овозможува летови во ноќни услови на крајно мали висини, како и користење н сите видови терен за полетување и слетување.
Монтиран е дополнителен резервоар така што „Терминатор“ сега без дополнување на гориво може да помине 1065 километри. Покрај тоа, оваа партија хеликоптери е зајакната и со дополнителен комплет монтажни блиндирани плочи.
Вградени се и уреди за исфрлување топлински мамки УВ-26М и апаратура која ги попречува проектилите со инфрацрвено наведување.
На левата и десната подвижна врата се поставени држачи со шарки за личното оружје на припадниците на специјалните единици, а митралезот ПКТ е поставен на зголемениот централен отвор за натоварување и истоварување, што овозможува да се отвори оган од двете страни и од задниот трап на хеликоптерот.
„Хеликоптерите Ми-8АМТШ имаат современа опрема која овозможува деноноќно извршување на задачите на националната гарда поврзани со одржување на јавниот ред и осигурување на безбедност, спротивставување на тероризмот, обезбедување на важните државни објекти и давање поддршка на пограничните органи во чувањето на државната граница“, изјави Владислав Савељев, заменик-генерален директор за продажба во холдингот „Хеликоптери на Русија“.
Ми-8АМТШ „Теминатор“ може да прими 37 луѓе, како и 4000 кг товар во кабината или на надворешната суспензија и да извршува најсложени задачи во сите климатски услови благодарение на моторите од руско производство ВК-2500-03 со зголемена сила во вонреден режим.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче