Најновото руско оклопно возило, изградено врз основа на тешката универзална платформа „Армата“, според огнената моќ долго време ќе ја надминува најдобрата странска конкуренција. Тоа ќе им овозможи на руските војници самоуверено да победуваат и во најтешките тенковски судири.
Пролетта 2015 година, за време на подготовките на јубилејната Парада на Победата на Црвениот плоштад се одржа првата демонстрација на напредната техника од Нижни Тагил. Тогаш многумина беа изненадени што топот на „Армата“ го нема вообичаениот уред за исфрлање на барутните гасови кои се ослободуваат при стрелба. Се покажа дека проблемот со гасовите е решен со воведување на поефикасни иновативни технологии.
Но, тоа не е само специфичноста на новиот руски тенковски топ. Новото орудие има зголемен ресурс на цевката и за гаѓање може да ја користи како постојната, така и новата муниција која ја надминува старата по максималната брзина на летање и пробојноста.
Борбениот комплет на „Армата” вклучува и дополнителна муниција наменета за употреба против жива непријателска сила, како и наведувани проектили од нова генерација.
Се очекува дека топот 2А82-1М со текот на времето ќе биде поставен и на модернизираните модели на руските борбени возила.
Воените експерти истакнуваат дека денес само неколку земји во светот се во состојба самостојно да проектираат и произведуваат тенковски орудија. А руските модели притоа ги заземаат водечките позиции на светскиот пазар.