Тенк Т-14 „Армата“ на улицата „Тверскаја“ во Москва пред генералната проба по повод Парадата на Победата.
Максим Блинов/РИА „Новости“Руските борбени возила од семејството „Армата“ ќе бидат опремени со мобилни електроцентрали, пишува весникот „Известија“.
Разработката обезбедува моментално и непречено стартување на моторот на студ од минус 50 целзиусови степени, како и работа на ротирачките механизми на куполите, стабилизација на системите за управување и оружјето.
Оваа можност ја обезбедуваат суперкондензаторите - уреди кои имаат способност да акумулираат големо количество на електрична енергија дури и од испразнет акумулатор. Тие ќе можат некое време да ги снабдуваат системите до моментот на стартување на главниот мотор.
Тенковите од семејството „Армата“ и тешките БМП Т-15 создадени на таа платформа денес се сметаат за најнапредните борбени возила. Според западните експерти, руските примероци демонстрираат подобри показатели на стабилност од нивните најблиски аналози во САД и Западна Европа, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче