Како што претходнo извести оваа телевизија Националното собрание на Јужна Кореја донела одлука да го одложи купувањето дополнителна партија од сто машини од новите основни тенкови К2 Блек Пантер до 2020 година.
Суворов потсети дека специфичноста на тенковите Т-14 на платформата Армата пред сè се огледа во начинот на нивната конструкција, и дека екипажот не се наоѓа во куполата, ами е изолиран во блиндирана капсула.
Јужнокорејскиот тенк Црн пантер има класична конструкција, техничарот седи напред, а двајцата членови на екипажот во куполата, нагласува експертот.
Тој додаде дека тактичко-техничките карактеристики на тенкот Т-14 не се достапни и дека во целина не се објавуваат.
Сепак, може да се каже дека рускиот тенк од пет тони е полесен од јужнокорејскиот, забележува Суворов, истакнувајќи дека со истата сила на моторот динамичките карактеристики и подвижноста на тенкот Т-14 е многу подобра зашто тој е полесен.
Експертот смета дека руските и корејските тенкови според системите за вооружување врз основа на повеќе критериуми се наоѓаат на исто ниво.
Но, имајќи го предвид фактот дека за време на разработката на Армата се користени современи технологии, машината се појавила малку подоцна од Црниот пантер, па може да се претпостави дека тенкот Т-14 има низа предности, нагласи Суворов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче