Руската гарда ќе ги добие новите снајперски пушки „Точност“ и системите „Шепот“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Националната гарда на Русија годинава планира набавка на новата снајперска пушка „Точност” (Прецизност) и системот за нелетално акустичко дејство „Шепот”, соопштија медиумите.

За набавка на десет пушки калибар 7,62 милиметри и десет со калибар 8,6 милиметри се издвоени 11,5 милиони рубли (166 илјади евра). Уште 62 милиони рубли (околу 9 милиони евра) ќе бидат потрошени за набавка на 34 системи за нелетално нелиниско-параметриско акустичко дејство врз биолошки објекти „Шепот”.

Снајперската пушка „Точност” погаѓа цели на максимално растојание од 1500 метри. Деталите на новиот проект се објавени во ноември 2016 година. Таа наскоро би требало да пристигне и во единиците на Федералната служба за обезбедување (ФСО) и Федералната служба за безбедност (ФСБ). 

„Шепот” го сочинуваат специјални штитови со емитер кој генерира вибрации со исклучително ниска фреквенција со цел запирање на непријателско дејствување.

Прочитајте повеќе: ФСБ ја доби новата снајперска пушка „Точност”