Точно во целта: Што претставува новиот снајпер?

Мосинка.

Мосинка.

Владимир Песња / РИА Новости
На крајот на 2016 година рускиот военоиндустриски комплекс најави подготвеност да започне сериско производство на најновиот снајпер. Во најскоро време тој треба да стане основно снајперско оружје на руската армија и во специјалните служби.

„Прецизност“, токму така мајсторите за оружје ја нарекоа последната разработка која во голема мера претставува новина за руската одбранбена индустрија.

Тој од самиот почеток се создаваше како алтернатива на водечките западни модели. Уште како прототипи, „прецизност“ требаше да ги надминуваат со параметрите на австриските и финските снајпери, кои традиционално се многу популарни меѓу специјалните единици. Снајперот Т-5000, претставен во 2011 година, развиен за касети 7.62 мм и 8.6 мм, гаѓаше точно на оддалеченост од 1.6 километри. Во 2012 година борците од руските специјални служби, вооружени со Т-5000, постигнаа голем успех, добивајќи меѓународни натпревари меѓу снајперските специјалните единици.

Т-5000 / Виталиј В.КузминТ-5000 / Виталиј В.Кузмин

„Прецизност“ го надминува својот претходник по сите индикатори. Тој има дострел над 2 километри. Високото групирање на погодоците овозможува да се постигне минимално отстапување при зачувување на растојанието. Слабата одвратна сила, удобниот механизам за активирањето, специјалниот нишан и, најважно, изработена на посебен начин цевка на пушката обезбедуваат максимална точност при гаѓањето.

Истакнатите претходници

Новата пушка се создава од цели колектив мајстори и таа ги отелотворува во себе најдобрите традиции на рускиот ВИК. За приспособување на снајперскиот нишан на пушките советските инженери се замислиле уште во дваесеттите години од минатиот век. Првично станувало збор за производството на посовршен модели на масовните пушки на Мосин и Токарев. Токму со тоа оружје биле вооружени советските снајперисти во годините на Втората светска војна. Токму со таква подобрена „Мосинка“ познатиот стрелец Василиј Зајцев започнува вистински лов на Германци меѓу урнатините на Сталинград, кога за три месеци успеа да уништи над 200 противнички војници и офицери.

По војната мајсторите се нафаќаат сериозно за создавање на специјална пушка за снајперска стрелба. По својата слава во светот снајперската пушка Драгунов (СВД) може да се спореди со познатиот автомат Калашников (АК). И до ден денешен таа се наоѓа во вооружувањето на повеќе од 30 земји ширум светот. Во себе содржи голем број елементи на познатиот АК, СВД ги има покажано и своите најдобри квалитети - непретенциозноста во работењето и високата борбена ефикасност. Во текот на воените дејствија во Авганистан снајперот на Драгунов бил незаменливо оружје. Во услови на планински борбени дејствија тој овозможува противникот да биде поразен на оддалеченост поголема од 1 километар.

По 1991 година во Русија беа развиени и ставен во вооружување специјални крупнокалибарски снајперски пушки. Моделот ОСВ-96 „Взломшчик“ („Разбивач“ - заб. прев.) Овозможува да се поразуваат дури и лесни оклопни цели на растојание од речиси 2 километри, но има и сериозен недостаток - многу бучен истрел.

Проблеми и перспективи

„Прецизност“ има сериозна генеалогија, но исто така има и голем број недостатоци кои треба да бидат отстранети пред да започне сериското производство на новото оружје.

Модернизацијата на руската снајперска пушка е направена, меѓу другото, и благодарение на активното позајмување на странски технологии. Техничката задача за снајперот е завршена пред воведувањето на санкциите на ЕУ и САД и сега се наметнува прашањето за нејзина адаптација.

„Прецизност“ / Сергеј Мамонтов / РИА Новости„Прецизност“ / Сергеј Мамонтов / РИА Новости

Независно од изјавите на програмерите, експертите забележуваат дека пред почетокот на сериското производство на „Прецизност“ треба да бидат решени голем број технички прашања, а исто така да се создаде принцип кој ќе го користи новото оружје. Неговите боречки параметри тешко дека се погодни за употреба од армиските снајперисти, кои работат на многу помали растојанија, и најверојатно специјалните единици ќе се главен потенцијален купувач на „Прецизност“.

Се разбира, новата пушка е погодна и за извоз. Во светот има не повеќе од петнаесетина земји кои можат да им понудат на своите клиенти снајперско оружје од слична класа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња