Видео: Излегување на системот „Јарс” во борбена патрола

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија објави снимка од излегувањето на мобилните стратешки ракетни системи „Јарс“ и „Топољ-М“ во борбена патрола.

Маневрирањето на ракетните системи се реализира во рамките на масовните вежби на Ракетните сили за стратешка намена кои се одвиваат ширум земјата.

Системите „Топољ” и „Јарс” од Ивановската до Иркутската област на Русија излегоа на маршрута на патролирање и стапија на борбено дежурство.

Во текот на маневрите се увежбуваат противдиверзантски дејствија на екипажите на мобилните стратешки ракетни системи. Меѓу другото, во маневрите учествуваат новите борбени противдиверзантски возила „Тајфун-М”, опремени со беспилотни летала.

Освен тоа, борбените единици на „Јарс“ и „Топољ“ ќе увежбуваат  премин преку контаминирани терени, соработка со приклучени единици, како и симулирано лансирање на ракети.

Прочитајте и: Русија го тестира „Змејот Горинич” пред носот на НАТО