Ракетен комплекс Топољ: 30 години безбедност

EPA
Страшниот Топољ го празнува својот јубилеј: пред триесет години во воената служба беше поставен првиот ракетен комплекс од овој вид. Неговото пуштање во работа претставуваше момент на пресврт во нуклеарното натпреварување во двете наддржави. Без оглед на својата возраст, Топољ во поглед на стратешката безбедност на Русија е сè уште незаменлив.

Кога првиот Топољ беше ставен во воена служба, нуклеарниот натпревар помеѓу СССР и САД немаше количествен, ами квалитативен карактер. Тоа се претвори во борба на таканаречена тријада – носачи на атомско оружје: стратешки бомбардери, ракетни системи со надземно базирање и подморници.

Ракетите со надземно базирање, кои беа основа на нуклеарните сили на СССР, беа подложни на удар од страна на непријателот, така што тогаш беше добиена идејата за создавање систем кој не е поврзан со определена локација. На почетокот советското раководство, како и Американците, се обидуваа да изградат подморници, а тоа доведе и до натпреварување во вооружувањето на подводниот свет. Обете страни се обидуваа да ги скријат своите ракети колку што е можно подлабоко и да ги однесат колку што е можно подалеку од противникот. Подморниците од типот Ајкула (Тајфун според класификацијата на НАТО), кои се најголеми во светот, го имаа својот недостаток токму поради својата големина.

Освен тоа, советскиот воено-морски систем на почетокот беше во губитничка позиција поради географската положба. Со оглед на големиот број прегради од страна на НАТО на делот Исланд – Фарери, СССР можеше од Баренцовото море да изнесе само мал број подморници.

И тогаш се појави Топољ како сосема ново решение за стратегијата на нуклеарната војна. Смислата на овие ракетни комплекси не се состоеше во тактичките карактеристики на балистичките ракети, ами во можноста за нивно постојано преместување. На површината (во вистинска смисла на зборот) излегоа ракети, кои постојано се преместуваат по земјата, за да не може лесно да биде пронајдена нивната положба.

Како резултат на тоа Топољ, како мобилен систем што треба да избегне напад од прв удар од САД, беа незаменливи, зашто имаа можност за преместување во услови на целосно отсуство на направени патишта – како по обични патишта, така и онаму каде што нема патеки. Затоа тие се и дел од неизбежната руска нуклеарна тријада и ќе останат во вооружувањето во скоро време како еден од основните елементи на нуклеарниот стратешки систем на Русија.

Сега со ракетниот комплекс Топољ се вооружени седум од дванаесет ракетни дивизии што се наоѓаат во состав на РВСН. Во моментов Тејковската ракетна дивизија се превооружува со ракетните комплекси Топољ-М и Јарс. Интерконтиненталниот стратешки комплекс Топољ-М претставува тристепена моноблоковска ракета на цврсто гориво, „спакувана“ во транспортно-лансирен контејнер во кој може да се наоѓа не помалку од 15 години. Рокот на експлоатација е поголем од 20 години.

Процес на превооружување се одвива и во новосибирката и во нижнетагилската дивизија. Кон крајот на 2015 година во новосибирската дивизија ќе се појави уште еден полк со Топољ, а во нижнетагилската два.

Скратена верзија, за оригиналот во целосна верзија одете на наредниот линк

Технички карактеристики
Должина на трупот заедно со главата – 22.7 метри
Дијаметар – 1.86 метри
Стартна тежина – 47.2 тони
Тежина на боев товар – 1.200 килограми
Далечина на лет – 11 илјади километри

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња