Видео: Како се обучува екипаж на стратешкиот ракетен систем „Јарс“

Виталиј В. Кузмин
Министерството за одбрана на Русија објави видео на кое е прикажано како припадниците на Стратешките ракетни сили учат на современи тренажери како да управуваат со најмодерниот ракетен систем.

За пет години во единиците, на факултетите и центрите за обука на Стратешките ракетни сили пристигнаа околу 500 тренажери (оваа година пристигнаа повеќе од сто). На прво место се ракетните единици чие вооружување се модернизира и кои го добиваат најновиот стратешки ракетен систем „Јарс“, пренесува порталот rg.ru.

Како што се гледа од снимката, тренажерите во целост ја имитираат ситуацијата во кабината, а современата компјутерска опрема овозможува да се симулираат сите можни ситуации: маневрирање на тесни патишта, возење во мрак, во колона, напад врз стратешкиот ракетен систем од страна на непријателски копнени сили итн.

Тренажерите му овозможуваат на екипажот на „Јарс“ да ги увежба сите редовни и вонредни ситуации до најситни детали, така што во текот на опслужувањето на ракетниот систем не може да има изненадувања. Покрај тоа, како што е претходно соопштено, благодарение на оваа опрема за обука секоја единица годишно може да заштеди повеќе од 150000 литри гориво.

На 17 декември Стратешките ракетни сили на Русија ја одбележаа 58-годишнината од своето формирање.

Колкав е нивниот арсенал, прочитајте во Колку балистички ракети има руската армија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња