Ракетните сили за стратешка намена лансираа интерконтитентална балистичка ракета РС-24 „Јарс“

Мобилна верзија на ракетата РС-24 „Јарс“ на платформа МЗКТ-79221

Мобилна верзија на ракетата РС-24 „Јарс“ на платформа МЗКТ-79221

mil.ru
Ракетните сили за стратешка намена изведе од космодромот Плесецк тест-лансирање на интерконтинентална балистичка ракета РС-24 „Јарс“. Ракетата беше лансирана од специјален подземен силос (верзија 15П165М) и носеше експериментален боев блок со повеќе независно наведувани боеви глави.

Според Министерството за одбрана на РФ, тестирањето е завршено успешно и сите поставени задачи се реализирани во целосен обем, пренесува ТАСС.

Оваа ракета го чини стожерот на стратешките ракетни сили на руската армија. Претставува модификација на ракетниот систем  „Топол-М“. На оперативно борбено дежурство се наоѓа од 2009 година. Се произведува во 2 верзии, со стационарно базирање во специјални силоси и во мобилна верзија кој се наоѓа на платформата на тркала МЗКТ-79221. Максималниот дострел на оваа ракета изнесува 12000 км и може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно наведувани боеви глави со сила од 300-600 кт. Ракетата се наведува по инерцијален пат.

Се претпоставува дека руските стратешки сили имаат вкупно 110 вакви ракети (20 стационарни и 90 мобилни). Овие ракети се подготвени во моментот да реагираат на евентуален напад врз територијата на Руската Федерација и да му нанесат фатални удари на противникот.

Маневри на 11 полкови со ракетни системи „Топол“, „Топол-М“ и „Јарс“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња