На снимката може да се види транспортирањето на ракетата која е во состојба да уништи цел мегалополис. Во текот на транспортирањето интерконтиненталната балистичка ракета „Јарс“ ја следа специјални возила на полицијата и оклопна техника поради заштита од диверзантски напади. Пред почетокот на поставувањето во силосот ракетата ја освети свештеник, по што „Јарс“, тешка 50 тони, е ставена во силосот.
Козељската ракетна единица, лоцирана во Калушката област, е првата единица на Ракетните сили за стратешка намена во Русија која добива стационарни ракети „Јарс”.
Вооружувањето со овие ракети, земајќи го предвид развојот на системите за противракетна одбрана, треба да ги зајакне офанзивните борбени можности на руските Ракетни сили за стратешка намена кога станува збор за совладување на системи за противракетна одбрана, како и да го подобри потенцијалот на системите за нуклеарно одвраќање на руските стратешки нуклеарни сили.
Стратешкиот ракетен систем „Јарс”, проектиран од Московскиот институт за топлотна техника, првпат е лансиран на 29 мај 2007 година од полигонот „Плесецк” на полигонот „Кура”. Стационарниот ракетни систем 15П165М „Јарс” се состои од десет ракети 15Ж67. Со помош на новиот мотор ракетата може побрзо да достигне во стратосферата, а нејзиниот труп е покриен со материјал кој ги апсорбира радарските зраци. Дострелот на ракетата е до 12 илјади километри. За разлика од своите претходници, ракетата „Јарс“ во својот состав има 3-6 боеви глави и исто толку лажни мамки кои на себе ги одвлекуваат ракетите за ПРО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче