Новата руска балистичка ракета „Сармат” во 2018 година ќе биде тестирана 12 пати

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во 2018 година Русија планира да тестира најнови типови на оружје. Тоа, меѓу другото, се однесува и на тешката интерконтинентална балистичка ракета од петта генерација „Сармат”.

Како што објави ТВ каналот „Ѕвезда”, овој напреден стратешки силосен ракетен систем со текот на времето ќе ги замени интерконтиненталните балистички ракети Р-36М „Воевода” и УР-100Н. За оваа година се планирани 12 лансирања на интерконтинентални балистички ракети во текот на кои ќе бидат проверени конструкторските решенија.

Во 2018 године нема да бидат тестирани само најновите ракети, туку и автоматските пушки „Калашников” од нова генерација: малогабаритната АМ-17 и нечујната малогабаритна АМБ-17. Се наведува дека АМ-17 ќе може да ја замени АКС-74У. Новото стрелечко оружје ќе го користат екипажите на борбената техника и специјалните единици. Должината на оваа автоматска пушка тешка 2,5 килограми со кундак во преклопена положба изнесува само 50 сантиметри. А автоматската пушка АМБ-17 може да биде алтернатива на пушката „Вал”.

Прочитајте повеќе за ракетата „Сармат“.