Топ-3 руски неутрализатори на американскиот ПРО

Извор: Goodvint/Wikipedia.org

Извор: Goodvint/Wikipedia.org

Кон крајот на јануари началникот на Генералниот штаб на Воените сили на Руската Федерација генералот на армијата Валериј Герасимов за медиумите изјави дека Русија „ќе преземе соодветни мерки“ против поставувањето на глобалниот систем ПРО на САД. Овие мерки, според Герасимов, „ќе бидат насочени кон засилување на руската армија и на флотата со перспективни комплекси и системи на вооружување, кои овозможуваат неутрализирање на потенцијалот на системот ПРО на САД, а исто така имаат и зголемена можност за негово надминување“. Руската команда не кажа кои системи се земени предвид, но „Руска реч на македонски“ состави рејтинг на најдоброто оружје против американскиот систем ПРО.

Рубеж 

Новата интерконтинентална ракета РС-26 Рубеж е најнова разработка на рускиот воено-индустриски комплекс. Ракетата е исто така позната и под работниот назив Авангард. Поради тајноста на проектот за неа знаеме сосема малку: перспективната ракета е направена врз база на РС-24 Јарс, работи на цврсто гориво и има боев дел што се одвојува. Сè уште не е познато колку точно боеви блока и со каква носивост е ракетата, сепак, тргнувајќи од фактот дека станува збор за модернизација на ракетата Јарс од семејството Топољ М, нејзината маса не треба да изнесува помалку од 60 тони. Таа ќе биде произведувана само како мобилна варијанта и, по сè изгледа, со текот на времето ќе ги замени застарените комплекси Топољ. 

Руската одбранбена индустрија се преориентира

Рускиот воен ресор изјави дека контролното лансирање на ракетата ќе се одржи во март оваа година. Претходните тестирања беа извршени под превезот на тајната, иако во 2013 година информацијата за тестирањето на РЦ-26 на полигонот Капустин Јар сепак дојде до медиумите. Тогаш во Генералштабот изјавија дека тоа ќе биде четврто лансирање на Рубеж. 

Како што рече генерал-полковникот Зарудницки, новата ракета поседува „нова борбена опрема“ и „има многу повисоки можности и подобрени маневарски карактеристики во однос на постоечките системи“. 

Сармат 


Извор: РИА Новости

Конфликтот во Украина (која престана да испорачува делови за поддржување на Воевода) и плановите на САД во областа на ПРО не му оставија на руското воено раководство поинаков избор. Во периодот од 2018 до 2020 година Русија ќе ја добие новата тешка ракета Сармат, која ја разработува цел конзорциум на чело со Државниот ракетен центар „академик В.П. Макеев“. 

Ласерскиот тенк ја зголемува моќта

Смислата за нејзиното создавање може да се објасни мошне лесно. Топољ, која во моментов се наоѓа во вооружувањето има фрлачка тежина од 1.2 тони, а лета на далечина од 9 илјади километри, додека Воевода е подготвена да „исфрли“ кон противникот 7.3 тони на далечина од 16 илјади километри. 

Сармат, доколку се верува на информациите што дојдоа до медиумите, ќе биде двапати помала од Воевода, нејзината стартна тежина ќе изнесува „само“ околу 100 тони во однос на 211 тони на Воевода, притоа ќе може да „исфрка“ од 4 до 5 тони во кои сега може да се „сместат“ многу повеќе тони од почетокот на осумдесеттите години од минатиот век кога се создаваше Воевода. Освен тоа, големата далечина овозможува слобода за маневрирање со ракетата пред и по нејзиното лансирање. 

Булава 


Извор: ТАСС

Ракетата Р-30 Булава, која подморничарите толку долго ја чекаа, на крајот ќе влезе во употреба. Оружјето за подморниците Бореј најпрво беше направено за надминување на сложениот систем ПРО и носи 10 боеви блокови, кои по неочекуваното исфрлање под вода може да дојде до која било точка во светот на растојание од повеќе од 11 илјади километри. Всушност, Бореј може да удри, на пример, по САД без да излезе од своите бази во Северната или во Тихоокеанската флота. 

Топ 5 руски борбени роботи

Во вооружувањето на секоја подморница има 16 балистички ракети Р-30 Булава-30. Подморниците се бесшумни, а исто така имаат и одлична хидродинамика и во случај на конфликт има високи шанси за нанесување на неочекуван возвратен удар. 

Според некои податоци, изменет е принципот на дејствување на Булава, кој се разликува од ракетата Топољ-М, врз основа на која и беше создадена. Боевите блокови на Топољ-М се насочуваат кон целта, а потоа „се фрлаат“ на неа, Булава функционира поинаку. Тука е применет таканаречениот принцип на „винова лоза“, кога определени блокови можат да се одделат од ракетата за време на нејзиниот лет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња