Фабриката-производител на најновата руска интернационална балистичка ракета (ИБР) „Сармат“ работи „фактички нон-стоп“ врз создавањето на ново оружје, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.
Ова сведочи за тоа дека работата над новото оружје и средство за воздржување на агресорите има за Русија стратешки карактер.
Тоа е тешка интерконтинентална водна ракета под кодот РС-28. Нејзината вкупна тежина изнесува 100 тони, а исфрлувачката е 10 тони. Таа треба да влезе во вооружувањето на руската Ракетна војска за стратешка намена по 2020 година и да ја замени најтешката и најстрашната во светот стратешка ракета Р-20В „Воевода“, која тежи 211 тони, а има исфрлувачка тежина од 8.8 тони.
„Од својот претходник таа ќе се разликува не само со многу помалата тежина, ами и со дострелот. Доколку „Сатана“ леташе на растојание од 11 илјади километри, „Сармат“ ќе може да помине растојание од 17 илјади и, според замислата на конструкторите, да лета кон целта дури и преку Јужниот пол, од каде никој не очекува и каде не постои противракетна ограда“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.
Според него, „Сармат“ нема да има 10 боеви глави, ами не помалку од петнаесет разделувачки глави со индивидуално наведување. Тие ќе бидат поставени според принципот на „грозд“ и секоја од нив со моќност од 150 до 300 килотони, ќе може да се оддели од тој „грозд“ тогаш, кога според програмата поставена во боевата глава треба да замине кон својата цел.
Притоа, според поранешниот командант на РВСН генерал-полковник во резерва Виктор Есин, „Сарма“ ќе полета кон целта со хиперсонична брзина ( повеќе од 5 маха или 6.120 километри на час), менувајќи ја траекторијата според курсот и висината со цел да не може да биде забележана од ниту систем за ПРО.
„Таа нема да може да биде пресретната ниту од сегашниот, ниту од перспективниот систем за противракетна одбрана – за неа, дали го има или го нема е сеедно“, изјави Есин.
Притоа први новите ракети ќе ги добијат дивизиите на ракетната војска за стратешка намена крај Краснојарск (4.150 километри источно од Москва) и во Оренбург (1.450 километри источно од Москва).
Од „Воевода“ ќе останат минимум 154 силоси (првите 154 силоси беа експлодирани по барање на СНВ-I). И иако во сите нема да биде поставена новата ракета, нивното количество ќе биде според параметрите на договорот СНВ-3 кој предвидува за Русија и за САД до 5 февруари 2018 година по 700 поставени носители и по 1.550 нуклеарни боеви глави на нив.
„На секој 'Сармат' треба да има по 15 боеви глави, а денес Русија, според отворените податоци, има 521 поставени носители и 1.735 боеви глави на нив. (САД соодветно има 741 и 1481)“, изјави Литовкин.
Според аналитичарите новото оружје ќе стапи на борбено дежурство со завршувањето на функционирањето на СНВ-3 (2021 година). Дотогаш „Воевода“ ќе ги изгуби своите гарантни рокови за наоѓање на борбено дежурство.
„Паралелно со тоа од 2020 година во САД ќе започне модернизација на нуклеарната тријада (стратешки бомбардери, балистички ракети и подморници), за што Вашингтон одвојува повеќе од 1 билион американски долари. Затоа новата ракета ќе служи како средство за воздржување во услови на сегашната конфронтација меѓу земјите“, додава Есин.
Тестирањата на „Сармат“ се спроведуваат од 2016 година. Засега, е проверена соодветноста на идната ракета со лансерот и алгоритамите на лансирањето. Притоа, според експертите, сега индустријата е подготвена да произведува елементи за ракетата сериски, а значи и да премине кон целосни летачки тестирања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче