Интерконтинентална балистичка ракета РС-18 „Стилет“ на космодромот Бајконур пред пробно лансирање
Сергеј Казак/TASSЗошто на Запад оваа ракета се вика „Сатана”?
Ракетата ќе биде тешка вкупно 100 тони, од тоа ќе има 10 тони полезен товар, што значи дека може да носи 15 балистички ракети со посебни самонаведувани боеви глави, од кои секоја има сила 150 до 300 килотони.
Боевите главе ќе бидат распоредени како „грозд“. По враќањето во атмосферата секој од нив се одвојува и го продолжува патот до својата цел во склад со сопствениот програмиран алгоритам.
Благодарејќи на сите овие иновации „Сармат“ е најголемата и најтешката ракета на светот и е една од најразорните. Таа ќе служи како ефикасен фактор за нуклеарно одвраќање кој ќе придонесе з јакнењето на мирот и стабилноста во светот.
Покрај сето досега кажано, ракетата може да уништува цели во радиус од 17000 километри, меѓу другото, и на другата страна на планетата затоа што може да лета преку Јужниот пол.
„Потенцијалниот противник нема да очекува напад од Русија преку Јужниот пол. Поради тоа ќе го присилиме да потроши големи пари за нова линија на одбраната, макар што таа секако нема да биде ефикасна. Тоа ќе ѝ овозможи на Русија да има повеќе слобода во својата надворешна политика“, изјави Владимир Евсеев, директор на Центарот за социјални и политички истражувања. Тој додаде дека ова оружје е неопходно за да ја замени својата застарена претходничка, ракетата Р-36М2 „Војвода“.
„Таа интерконтинентална балистичка ракета изминативе 30 години служеше како фактор за одвраќање на можни конфликти и ни обезбедуваше мирно небо“, продолжува експертот. „Дојде време таа да оди во заслужена пензија и да ѝ ја предаде штафетата на новата генерација“.
Меѓутоа, не сите експерти се толкави оптимисти, затоа што сметаат дека нема да можеме во скоро време да видиме пробно лансирање на космодромот Плесецк.
„Тестирањето во текот на оваа година повеќе пати е одложувано и тоа може да се повтори. Во вакви проекти учествуваат и тесно соработуваат околу 500 компании. Поради тоа е неопходно да се изврши максимален број на фабрички тестирања, а тоа, како што ми се чини, сѐ уште не е направено“, изјави Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.
Штом интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ влезе во воената стратегија, таа ќе биде распоредена во Источен Сибир во близина на градот Чита, што гарантира нејзино безбедно лансирање затоа што пресретнување од правец на морето нема да биде можно.
„Вкупно ќе има 154 ракети од типот „Сармат“, затоа што толку има вкопани силоси за ракетата „Војвода“, која служеше како миротворец во текот на изминативе 30 години“, додава Козјулин.
Гарантирана нуклеарна одмазда: како функционира „Периметар“
Сармат може да го прелета Јужен пол
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче