Руските снајперисти се обучуваат да соборуваат беспилотни летала

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На полигонот Мулино во Нижегородската област снајперистите од војската на Западниот воен округ увежбуваат прикриено гаѓање на беспилотни летала.

„Стрелците ќе гаѓаат брзи и подвижни мети на висина од 100 до 400 метри. Целите ќе се појавуваат ненадејно и комбинирано, што ќе го отежне нивното гаѓање“, соопшти штабот на Западниот воен округ.

За откривање на беспилотни летала снајперистите користат технички средства за извидување. Гаѓањата ќе ги изведуваат како поединечно, така и во парови. Стрелците во текот на вежбите исто така ќе увежбуваат маскирање на снајперисти на отворен терен и во урбани урнатини.

Во тренингот учествуваат повеќе од сто војници.

Погледнете го видеото за оружјето со кое најдобрите снајперисти го чуваат Путин.