Дупчи ѕидови и оклопи: Најмоќното руско стрелечко оружје

Руските производители на оружје на светската јавност ѝ го претставија автоматот кој „дупчи“ ѕидови и пушки кои го убиваат непријателот на растојание од 4 километри.

Најмоќниот руски автомат 

За специјалните единици на Федералната служба за безбедност во 2017 година беше конструиран автоматот од голем калибар ШАК-12 за муниција 12.7х55 милиметри кој спаѓа во најмоќните на светот. 

Според конструкторот, оружјето е направено за улични борби на мало растојание и уништува дури и непријател кој користи врвни средства за заштита. Автоматот користи куршуми со голем калибар кои пробиваат ѕид од тула, а испуканиот куршум е максимално ефикасен на мали растојанија, додека „на поголема оддалеченост губи енергија и сила“. 

Обичен куршум за ШЕК-12 е убиствен во радиус од 100 метри. Автоматот може да користи и куршуми кои ефикасно пробиваат полесен оклоп на далечина од 300 метри. 

Автоматот е направен според системот „булпап“ (рамката со муницијата е зад обрачот), што исто така им овозможува на специјалците полеснщ и поефикасно да го применуваат ова оружје во помал затворен простор. 

Во рамката собира 10 и 20 куршуми, а регулаторот на огнот се наоѓа во задниот дел од оружјето, зад рамката. 

Муницијата од голем калибар прави големо одбивање и затоа автоматот добил гасна кочница со два отвори и гумен додаток на кундакот. ШАК-12 има Пикантиниева шина озгора и оздола, така што на него може да се стави придушувач и потцевен фрлач на гранати, како и различни оптички и колиматорски нишани. 

Митралез „Корд“ 

Ова е најмоќниот митралез со муниција со најголем калибар што го поседува руската армија. Се монтира на лесна и на средна оклопна техника зашто одбивањето е толку силно што соборува од нозе и добро обучен митралезец. 

Митралезот „Корд“ служи за ликвидација на жива сила на растојание од 2 километри. Тоа може да биде и пешадија и лесна оклопна техника. На оддалеченост од 100 метри, неговата муниција пробива оклоп дебел 20 милиметри. 

Со ова оружје може да се уништуваат дури и воздушни цели. Митралезот е погоден и за ликвидација на хеликоптери на височина од 1.5 километри. 

„Самрак“ 

СВЛК-14С „Сумрак“.

Кон крајот на септември 2017 година руските снајперисти „уништија противник“ на растојание од над 4 километри. Со ова пукање постигнат е нов светски рекорд во дострел од снајперско оружје. Така на светската јавност ѝ е презентирана моќната модерна снајперска пушка со голем дострел СВЛК-14 „Самрак“.

„Ова оружје се прави во мал број примероци, како автомобилите Ферари или Порше, само за оние на кои им е потребно високопрецизно стрелечко оружје, и за професионалните снајперисти кои се натпреваруваат во гаѓање на големи растојанија“, вели за Russia Beyond-Македонија воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов. 

Оваа пушка е направена за муниција 408 CheyTac (10,З мм) која веќе на излезот од цевката се движи со брзина од над 900 метри во секунда.

„На пример, ваков куршум може да продупчи метална пина со дебелина од 3 сантиметри. Замислете што ќе се случи ако таков куршум го погоди противникот? Тука не помага никаква панцирна облека“, истакнува експертот. 

Ова оружје е нешто како автомобил од луксузна класа – не се прави за масовно користење во борбени задачи. Поради тоа за поголем дострел и густина на огнот конструкторите решиле бројот на „механизмите“ да го намалат на минимум, така што пушката нема рамка за муниција, односно се полни рачно, куршум по куршум. 

„Самрак“ има тешка цевка долга метар и половина (1.430 мм) од алуминиум со висок квалитет. Ефикасна е на температура од -40 до +65 степени Целзиусови. Поради ваквата цевка оружјето е тешко 9.6 килограми.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња