Имено, на руските снајперисти им појде од рака да погодат мета на далечина од неверојатни 4210 метри! Оваа вест е објавена на официјалната страница на оваа компанија на социјалната мрежа „Вконтакте“.
Групата снајперисти која имаше задача да реализира погодок во мета на екстремна далечина беше предводена од Андреј Рјабински. Компанијата Lobaev Arms за овие потреби направи специјална пушка.
Инаку досегашниот апсолутен рекорд го држеа Американците, кои успеаја да погодат цел на растојание од 4150 метри. Новиот рекорд е надминат за околу 50 метри, што е исклучителен резултат.
Гаѓано е од снајперската пушка СВЛК-14 „Самрак“, која е проектирана да оствари 100% погодоци на далечини поголеми од 2500 метри. Оваа пушка се произведува во неколку калибри (.408 Cheуtac .ЗЗ8LM .З00WM). Конкретно за оваа задача беше употребен оригинален куршум .40 Lobaev Improved, тежок 27 грама. Тежината на пушката е околу 10 килограми, а почетната брзина на зрното на устата на цевката не е под 900 м/сек.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче