Видео: Погледнете како руската војска руши стари воени објекти

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На полуостровот Чукотка под надзор на инженерците на руската војска беа кренати во воздух касарни, складишта за оружје и други објекти кои Министерството за одбрана на РФ повеќе не ги користи, а настанот беше забележан на камера. Беа урнати вкупно 85 различни згради.

Иако оваа уникатна инженерска операција e изведена на 23 декември, видеото се појави дури неодамна. За рушењето на поранешната воена база на Чукотка беа потребни повеќе од 12 тони експлозив, како тротил, така и стандардни експлозивни средства врз основа на пластични материи.

Во соопштението на службата за односи со јавноста на Источниот Воен округ се истакнува дека акцијата на рушење на објектите е нетипична со оглед на нивната неуниформност, различниот број на катови, дебелината на ѕидовите и таванската конструкција, како и на вкупната површина.

Дрвените згради се отстранети со помош на инженериските машини за расчистување. На аеродромот „Јагленокопи“ во Анадир се доставени во неколку тури со тешките транспортни авиони Ан-124 „Руслан“, пишува весникот РГ.

На 21 јануари руската војска го слави Денот на инженериските сили