„Метеорит“ очигледно го чистеше теренот од мини во текот на операцијата за поставување премини преку Еуфрат до островот Ката, пишува „Росијскаја газета“. Системот е скриен зад крајбрежните растенија и не се гледа добро. Во близина се наоѓа амфибиски транспортер.
Снимен е моментот на старт на реактивниот мотор кој на непријателскиот брег исфрла проектил. Неколку секунди подоцна се слуша силна експлозија од чиј ударен бран се тресе целата околина. Облак во вид на нуклеарна печурка се крева во висина неколку десетици метри.
Како што е познато, масата на експлозив во таквите инженериски системи може да достигне 700 килограми, па оттука и толку ефектниот пиротехнички призор.
Машините УР-77 во наведениот реон се забележани кон средината на октомври. Претходно слична техника е користена главно на подрачјето на Дамаск. Вистина, „Метеоритите“ не се употребувани за деминирање, туку со цел уништување на утврдените позиции на терористите.
Во текот на борбите покрај Еуфрат способноста на „Змејот Горинич“ ефикасно да прави премини на големи мински полиња беше добредојдена.
Направена врз база на самоодната хаубица 2С1 „Гвоздика“ оваа инженериска машина е воведена во вооружувањето пред 40 години, а потоа применувана во многу вооружени судири. Од 2014 година успешно учествува во војната во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче