Министерството за одбрана на Русија објави на својот канал на „Јутјуб“ видео по повод Денот на инженериските сили, пренесува РТ на руски.
Како што истакнува Министерството за одбрана на Русија, во моментов основата на силите ја составуваат инженериско-деминерската и понтонско-мостовата бригада кои се потчинети на централната команда, одделни инженериски бригади во воените окрузи, како и инженериско-деминерските полкови.
Се очекува во 2017 година во состав на инженериските сили да влезат уште неколку инженериско-деминерски полкови и инженериско-камуфлажен полк.
Денот на инженериските сили се одбележува во Русија на 21 јануари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче