Сириско искуство: Инженериските единици ја добија првата серија оклопни булдожери Б-12

Слободан Ѓукиќ
Инженериските единици на руската армија ја добија првата серија оклопни булдожери, направени од компанијата ООО „ЧТЗ-УРАЛТРАК“ која се наоѓа во рамките на корпорацијата „Уралвагонзавод“. Според достапните информации, овие средства наскоро би можеле да влезат во оперативна употреба и да ги засилат единиците на инженериската војска.

При изработката на идејниот нацрт, конструкцијата и техничките барања за реализација на овој проект, во голема мера се користени борбените искуства од просторите на Сирија. При изведувањето на борбените операции на подрачјето на Блискиот Исток, стана јасно колку се важни овие средства на првата линија на фронтот. Меѓутоа, поради слабата оклопна заштита, овие средства беа често уништувани од страна на непријателот, со особено големи загуби кога се во прашање ракувачите со овие машини, кои во голем број на случаи страдаа од снајперски оган.

Врз основа на овие искуства руските инженери од Челјабинскиот тракторски завод ја претставија верзијата на оклопниот булдожер Б12. На него е интегрирана оклопна капсула која го штити местото на ракувачот, хаубата и резервоарите со гориво. Благодарение на овие зајакнувања, овој сега веќе тежок оклопен гасеничар е отпорен на сите видови муниција од лесно стрелечко оружје и гелери од гранати. Ваквата интервенција ќе обезбеди значително намалување во загубите на живата сила која управува со овие возила и ќе ја зголеми ефикасноста во изведувањето на борбено-инженериските задачи на првата линија на фронтот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња