Кинески експерт: Новиот руски мразокршач може да ги контролира САД и НАТО на Арктикот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во популарната кинеска телевизиска емисија „Вечерен воен гласник” експертот Ду Венлун, анализирајќи го потенцијалот на новиот руски нуклеарен мразокршач од проектот 10510 „Лидер”, рече дека во водите на Арктикот тој може да има значајна улога во одвраќањето на САД и спречувањето на присуството на силите на НАТО на север.

Нуклеарниот мразокршач од класата „Лидер” денес е најголемиот во Русија. Има депласман од 55 илјади тони. Како што смета експертот, тој може да се спореди со носач на авиони и, доколку на него би се наоѓале различни ракети, вклучувајќи и крстосувачки (а големината на мразокршачот го дозволува тоа), цивилниот брод би станал воен. Тогаш би можел да го контролира присуството на САД и силите на НАТО на Арктикот и, по потреба, да се спротивстави на нивните дејствија.

Ду Венлун смета дека Русија има две можности за зајакнување на својот воен потенцијал на Северниот пол. Како прва можност тој го наведува присуството на воените бази на тие територии, а како втора  милитаризацијата на цивилните бродови заради зајакнување на сопствената безбедност на Арктикот. Тогаш Русија би можела, според него, без да ги зголемува вложувањата во војската, на високо ниво да ја одржи моќта на својата Воена морнарица.