Рускиот освојувач на Северниот Пол

Мразокршачот Јамал (1992). Јамал постави рекорд во дебелината на искршениот мраз (9 метри). Како и други мразокршачи од неговата класа, може да се движи и да крши мраз и однапред и одзади. Извор: ИТАР-ТАСС

Мразокршачот Јамал (1992). Јамал постави рекорд во дебелината на искршениот мраз (9 метри). Како и други мразокршачи од неговата класа, може да се движи и да крши мраз и однапред и одзади. Извор: ИТАР-ТАСС

Нуклеарни мразокршачи: само Русија поседува мирнодопски инструмент за освојување на поларните предели.

Во светот одамна започна трката за освојување на Арктикот и неговите ресурси. Активистите на Гринпис се изгореа на руската нафтена платформа Приразломнаја. Русија активно ја развива инфраструктурата на Северниот морски пат, САД ќе вложи над 8 милијарди долари во проекти за Арктикот. Руска реч на македонски реши на своите читатели да им раскаже нешто за мирнодопскиот инструмент за освојување на вечниот мраз на поларниот круг, а овој инструмент постои исклучиво во Русија.

Ленин 

За сето време на експлоатацијата „Ленин“ има изминато 654 илјади милји, а од тоа низ мразови минал 563.6 илјади милји (што приближно одговара на должина од 30 обиколки околу Земјата околу екваторот) и беше повлечен од составот на флотата по 30 години, во 1989 година. Во изградбата на мразокршачот учествуваа 510 претпријатија и организации од земјата. 

„Ленин“ денес е укотвен во своето вечно пристаниште во Мурманск и е отворен за посетители како брод-музеј и е една од знаменитостите на овој град.

Ќе зборуваме за нуклеарните мразокршачи, уникатните руски бродови без кои проучувањето на Арктикот би било едноставно невозможно. 

Титани од минатото 

Приоритетна задача на нуклеарните мразокршачи од моментот на нивната изградба до денес претставува овозможување и обезбедување на товарен сообраќај по Северниот морски пат во текот на целата година: во Сибир се доставуваат разновидни товари за разработка на нафтени наоѓалишта и за уредување на населени места, а се извезуваат рударски производи, дрвена граѓа, нафта, гас и други ресурси. 

Историјатот на освојувањето на Арктичкиот регион со помош на овие моќни машини датира од „Ленин“, но не лично од Владимир Илич, туку од бродот кој прв во светот имаше нуклеарен погон и го носеше името на рускиот револуционер. Влегол во вода во 1959 година од Адмиралтетското бродоградилиште во Ленинград. „Ленин“ стана еталон за достигнувањата на советската индустрија од тоа време: имаше 70 илјади делови, вкупната должина на заварени спојки изнесуваше над 6 илјади километри. 

Вториот мразокршач во светот е „Арктика“ (1975-2008), изграден во Балтичкиот завод („Балтичка фабрика“), но сепак беше прв кога станува збор за сосема друга категорија, зашто тоа беше првиот површински (надводен) брод кој доплови до Северниот пол. По смртта на генералниот секретар на КПСС Леонид Брежњев во 1982 година, мразокршачот во негова чест го смени името. Сепак, веќе во 1986 година на „Арктика“ му е вратено првобитното име.

Серија мразокршачи „Арктика“ 

Можеле лесно да се претворат во помошен борбен крстосувач. На оваа класа ѝ припаѓаат шест од девет нуклеарни мразокршачи кои се направени во следните години.

Бродовите од оваа класа кои беа изградени подоцна, беа обложени со специјална покривка од полимер со цел да се намали тежината. Мразокршачите како што е „Арктика“ можат да кршат мраз, да се движат како нанапред, така и наназад, што значи дека практично е невозможно да се најдат во замка од мраз. 

Бидејќи овие бродови се проектирани за услови во ладните арктички води, интересен е фактот дека е невозможно нивно преминување на Јужната хемисфера за извршување задачи на Антарктикот, поради тоа што тогаш температурата во определени оддели на бродот би достигнувала и 50 степени при минимална сила на реакторот. 

Од длабочините низ мраз
Руските стратешки подморници кои носат нуклеарно оружје на борбено дежурство во регионот на Арктикот ќе добијат нови можности.

Мразокршачите „Арктика“ можат 8 месеци да се наоѓаат во режим на автономна пловидба, а за време на кампањата 1999-2000 првиот брод на „Арктика“ постави рекорд во автономна пловидба (за овој тип бродови), откако на море помина цела година, без ниту еден дефект! 

Во август 2005 година рускиот нуклеарен мразокршач „Арктика“ постави уште еден рекорд: ја мина милионитата милја од денот на своето стапување во служба, што речиси за петпати го надминува растојанието од Земјата до Месечината. 

Денес бродовите на нуклеарен погон од оваа серија не користат само за спроведување на трговските бродови, туку и за превоз на поларните експедиции, на пловечки станици, а од 1990 година и за туристички крстосувања во правец на Северниот пол, зашто бродовите од оваа класа се опремени со комфорни туристички блокови. На бродот има базен, киносала со 100 места, спортска сала, библиотека, па дури и сауна.

„Севморпут“ 

Од моментот на кревање на знамето и почетокот на работата, носачот на сплавот и контејнерот „Севморпут“ има поминато 302.000 милји, има превезено над 1.5 тон товар, со само едно полнење на нуклеарниот реактор за тоа време. 

Бродовите од типот „Арктика“ кои следуваа подоцна, „Сибир“ (1977-1992), „Русија“ (1985-2013), „Советски сојуз“ (1989-2010), го забрзаа процесот на освојување на поларниот регион и го развиваа успехот на своите претходници. 

Нова етапа во развојот на поморскиот транспорт во арктички услови беше означена со изградбата на нуклеарниот мразокршач – трговски брод „Севморпут“, кој е воведен во служба во 1988 година. За една пловидба на „Севморпут“ се товареше толку товар (продукти, облека, опрема) што на жителите на Крајниот Север им е доволно за цела година.

На почетокот на годинава беше објавено дека „Севморпут“, кој подолго време беше укотвен, повторно ќе заплови. За него се најдени нови задачи, пред сè од страна на руското Министерство за одбрана. Тие се однесуваат на обезбедување дислоцирање и присуство на воените формации во регионот на рускиот Арктик, работа на обновувањето на инфраструктурата на аеродромите и на пристаништата на Новосибирските острови, на Земјата на Франц Јосиф и на останатите подрачја на Крајниот Север.

Исто така, уникатен тип мразокршачи на нуклеарен погон претставуваат проектите „Тајмир“ (1988) и „Вајгач“ (1990), тоа се мразокршачи со мал гас, изградени се во Хелсиншкото бродоградилиште „Вартсила Морскаја Техника“ (Wärtsilä) од советски челик со голема цврстина, со тоа што им е вградена советска техника, вклучувајќи го и нуклеарниот уред. Овие мразокршачи се специјално наменети за работа на мали длабочини на устијата на арктичките реки, како што се Об и Енисеј.

Од сегашноста во иднината 

По распадот на Советскиот Сојуз, без оглед на сите финансиски проблеми со кои се соочи земјата, флотата на нуклеарен погон го продолжи својот развој. Денес се во функција нуклеарните мразокршачи „Јамал“ (1992) и „50 години од Победата“ (2007) (најмоќниот мразокршач на светот), изградени според проектот „Арктика“, чиј квалитет го покажа времето. 

ЛК-60ЈА 

Со својата должина од 169 метри и широчина од 33 метри, што овозможува, на пример, следење танкер за течен природен гас, од проектот „Јамал-СПГ“, ЛК-60ЈА ќе биде опремен со два нуклеарни реактори од новата генерација РИТМ-200, развиени во Експерименталното конструкторско биро за машиноградба „И.И. Африкантов“.

Сите руски мразокршачи се базирани во Мурманск, каде се наоѓа и ФГУП (Федералното државно унитарно претпријатие) „Атомфлот“ кое управува со нив. 

Но, руската инженерска мисла не тапка во место. Во трката за ресурси, во Балтичкиот завод веќе е поставена кобилицата на новиот мразокршач од проектот ЛК-60ЈА. Тој има променлив гас, така што може да се користи како во длабоки води, така и во устијата на сибирските реки, што ќе овозможи само тој да ги извршува задачите кои денес ги вршат два мразокршачи од типот „Арктика“ и „Тајмир“. 

Вредноста на договорот за изградба на ЛК-60ЈА изнесува околу 1 милијарда 113 милиони американски долари, а на ред се уште два брода од овој тип. 

Денес, исто така, се работи на проектот за нуклеарен мразокршач од типот ЛК-110ЈА. Негова главна задача ќе биде обезбедување на навигација на Северниот морски пат за време на целата година и спроведување експедиции на Арктикот. Се очекува дека проектната документација ќе биде завршена до 2016 година. 

Историјатот на освојување на Арктикот продолжува. И Русија, како земја со единствена традиција во нуклеарната бродоградба, има со што да одговори на предизвиците на утрешнината.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња