„Северната флота одамна чекаше свој мразокршач. Сега добиваме брод кој по својата функционалност ги надминува рамките на обичните пловила“, соопшти на церемонијата Виктор Барсук, заменик-командант на Воената морнарица на Русија, пренесува порталот rg.ru.
Мразокршачот во најскоро време ќе отплови во Мурманск.
„Илја Муромец“ е првиот мразокршач кој во изминативе 45 години е направен исклучително за потребите на Воената морнарица на Русија. Изградбата почна на Адмиралитетското бродоградилиште на 25 април 2015 година, а бродот беше спуштен во вода минатото лето.
Мразокршачот „Илја Муромец“ е главниот брод од серијата 21180. Во рамките на тој проект во Русија се прават бродови од новата генерација. Најважната техничка иновација е конструкцијата со ротирачки елиси кои се прицврстени надвор од трупот на бродот и можат да се движат околу вертикална оска за 360 степени. Таквата технологија му овозможува на бродот да се движи нанапред, наназад и бочно.
Овој мразокршач има импозантни димензии. Долг е 85, а широк 20 метри. Газалиштето изнесува до 7 метри. Развива брзина од 15 јазли и совладува ледена покривка дебела 1 метар. Бродот има 32 членови на екипажот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче