Нуклеарниот мразокршач „Сибир“
Global Look PressЧеличниот џин со два нуклеарни реактори долг 170 метри може без тешкотии да крши три метри дебел компактен мраз и на тој начин да го пробие патот за бродски конвој, пренесува РИА „Новост“. Првиот голем брод од овој проект е „Арктик“, кој беше спуштен во вода во јуни минатата година. Овие бродови на нуклеарен погон ќе бидат најмоќните на светот.
Балтичкото бродоградилиште го подготвуваше „Сибир“ за спуштање во вода само две и пол години - изградбата на мразокршачот започна во мај 2015 година. По спуштањето во вода изградбата ќе продолжи. Нуклеарниот брод е првиот сериски производ на Проектот 22220. Покрај „Сибир“, бродоградилиштето според договорот со „Атомфлот“ гради уште два брода од овој проект: главниот нуклеарен брод „Арктик“ и вториот, серискиот, „Урал“.
Според најновите планови, примопредавањето на „Арктик“ треба да биде извршено во првата половина на 2019 година, а до промената на роковите дојде поради проблемите со испорака на турбинската опрема за енергетскиот уред.
Универзалните мразокршачи ЛК-60А од Проектот 22220 ќе бидат најголеми и најмоќни на светот. Нивните димензии се импресивни: должина 173,3 метри, ширина 34 метри, депласман 33,5 илјади тони. Екипажот ќе брои 75 луѓе. Техничкиот проект беше развиен од ЦКБ „Ајсберг“.
Нуклеарниот мразокршач „Сибир“.
Global Look PressПред една недела Одделот за машинство на државната корпорација „Росатом“, холдингот „Атоменергомаш“, го произведе и испорача во Санкт Петербург првиот нуклеарен реактор РИТМ-200 за „Сибир“. Се работи за два реактори со сила од 175 МWt.
Се работи за нова генерација на уреди за кои се развиени технологии и инструменти кои не биле претходно применувани не само во Русија, туку и во светот. РИТМ-200 има единствен енергетски штедлив интегрален склоп кој овозможува подобрување на техничките карактеристики на новите мразокршачи во поглед на брзината и совладувањето на мразот, како и променлива длабочина на пловење, благодарение на која може да се користи и во арктичките морињата, и во устијата на северните реки. На пример, за тоа време, дизел-електричен мразокршач би потрошил 540 илјади тони арктичко дизел гориво.
Овие мразокршачи отвараат во суштина нови можности во сферата на осигурување на одбранбената ефикасност на земјата и во исполнувањето на економските задачи. Тие ќе ги придружуваат бродовите кои транспортираат енергетски ресурси од наоѓалиштата на полуостровите Јамак и Гидан и шелфот на Карското море до пазарите на Азиско-Тихоокеанскиот регион.
Со 30 дизел и четири нуклеарни мразокршачи Русија стана главен оператор на Арктикот. Северниот морски пат тешко дека може да го замени Суецкиот канал, но може да покрие околу 20 проценти од поморската пловидба Европа-Азија, особено ако се имаат во предвид руските проекти во експлоатацијата на нафта и гас на Арктикот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче