Тоа е еден од потенцијалните пиштоли за високите офицери на Црвената армија. Слично на пиштолот АПС на Игор Стечкин (кој го победува Калашников на воените испитувања), оружјето има дрвен кундак и шаржер за 20 куршуми калибар 9х18.
Делото на Калашников тежи 1,7 килограми со дрвениот кундак, кој инаку може да се користи и како подвижен статив за попрецизна стрелба. Една од главните карактеристики е тоа што може да стрела поединечно или како полу- или целосно автоматски пиштол со исклучително висока брзина на стрелба.
Поради пренатрупаниот распоред на работа на Калашников околу производството на АК-47 (кој исто така е создаден на крајот на 1940-те), тој не може да одвои доволно време за да заврши сѐ што е потребно за разработка на друго ремек-дело кое треба да биде прифатено од армијата и да им служи на идните генерации. И така производителот губи на воените тестирања од АПС на Игор Стечкин (исто автоматски пиштол со дваесет куршум калибар 9х18 мм).
Денес има само неколку автоматски пиштоли на Калашников. Можете да ги видите во градот Ижевск, каде што се наоѓа фабриката за оружје. А „Стечкин“ е прифатен во вооружувањето 1951 година во неколку варијанти и служи 40 години - до крајот на војната во Авганистан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче