Извор: PhotoXPress
Андреј Кирисенко, советник на главниот концерн Калашников, на изложбата на копнено вооружување Eurosatory, која се одржа во Париз од 16 до 20 јуни, претстави три сосема нови примероци стрелечко оружје. Претставникот објасни дека станува збор за моделите Сајга-МК107, Сајга-9 и Сајга-12 модел 340. Пуштањето во погон на првото сериско производство е планирано за годинава.
Нов, прецизен, сигурен
Овие карабини и пушки се предвидени за цивилниот пазар. Сепак, производителот ги има конструирано врз основа на воените автомати. Да кажеме, спортскиот карабин Сајга-МК107 е направен врз основа на автоматот Калашников од стотата серија. Како и неговиот „воен колега“, моментално единствениот карабин на концернот Калашников за цивилниот пазар. Овој карабин има урамнотежена автоматика. Со оваа инженерска одлука намалена е огнената моќ, но густината на оружјето е зголемена за речиси двапати. Според информациите добиени од Кирисенко, произведени се само неколку примероци Сајга-МК197 (засега само за странските куршуми Ремингтон 223). Концернот има план да направи карабини за куршумите што одговараат на стандардите на НАТО (калибар 7.62х51) и за руските куршуми, чиј калибар изнесува 7.62х39.
Карабинот Сајга-9 има „воено“ минато, зашто е втемелен на рускиот пиштол-митралез Витјаз-СН. Убавината на карабинот кој се произведува за куршумите 9х19 Parabellum, според инженерите, освен високата сигурност, е и големото ниво на сличност со веќе користените воени пиштоли. Сметаат дека таквиот надворешен изглед ќе помогне во привлекувањето што повеќе руски и странски купувачи.
Пушката за практично стрелање Сајга-12 модел 340 е трет примерок на новото „цивилно“ оружје. Направен е земајќи ги предвид барањата на спортистите и на претставниците на специјалната полиција. Сајга-12 модел 340 има зајакната цевна кутија, систем за брзо полнење. Обемот на шаржерот е исто така зголемен и сега изнесува 10 патрони. Според прогнозите на претставникот на концернот ова оружје нема да го користат само спортистите, туку и полициските единици со цел обезбедување на цивилната сигурност.
Борба со клонови
Треба да се забележи дека на изложбата Eurosatory 2014 овие нови примероци на оружје не се претставени за првпат. На почетокот на годинава веќе беа претставени на изложбата на стрелечко оружје Shot Show 2014 во САД каде концернот Калашников и компанијата Russian Weapon Company (RWC) потпиша ексклузивна спогодба за испорака на своето производство во САД и во Канада. Обемот на извоз на концернот во овие држави изнесува 80 до 200 илјади примероци годишно.
„Ексклузивниот дилер, претставникот на RWC, ќе му помогне на концернот Калашников да води доследна политика во областа на продажбата на спортско-ловечкото вооружување во Северна Америка“, уверено вели Павел Колегов, заменик на генералниот директор за продажба и маркетинг на концернот. „Од оваа соработка се очекува зголемување на уделот на концернот на најголемиот пазар за цивилно оружје во светот“.
Оваа работа им покажува на останатите учесници на пазарот дека Калашников навистина сака да остави прилично нов впечаток за себе, што, според независниот воен стручњак Игор Коротченко, е мошне важно за концернот. „Ова зборува за свртувањето на Калашников кон класичниот бизнис-модел – заработка на пари, активен маркетинг, агресивна извозна политика. Ова не е само потреба за обновување на брендот, туку и за јакнење на новите пазари, од каде нè истисна производителите на евтини клонови на оружје“, изјавува стручњакот.
Автоматот како влезница за странските пазари
Фокусирајќи се на пазарите на цивилно оружје, Калашников не заборава на својата традиционална насока – воената. Извозот на руското стрелечко оружје се реализира токму по пат на еднократни, но големи договори, што овозможува, според Александар Фомин, директор на Федералната служба за воено-техничка соработка, да се привлечат оние држави кои не се постојани купувачи на руското оружје, па на таков начин да се влезе на нови пазари, нудејќи не само автомати и воена муниција, туку и други видови номенклатурно вооружување.
Според податоците на Федералната служба за воено-техничка соработка, уделот на стрелечкото оружје во 2013 година изнесувал 1-2% од вкупниот руски извоз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче